Викендов заврши петтото издание наHealth, Fitness & Wellness Expo – најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил на нашите простори.
Терените на Работнички уште еднаш беа збогатени со сублимација од адреналини позитивна енергија, иновативни производи, значајни едукативни презентации, возбудливи натпревари и многу награди. Локалните фитнес студија и гуруа квалитетно ја размрдаа публиката и уште еднаш покажаа дека свеста за здравиот начин на живот од година во година се зголемува.
Becutan Kids Vits на најмалечките им овозможија целодневна забава во посебниот KIDS CORNER богат со интерактивни игри, долгогодишните поддржувачи на настанот Sport Inn доделија вредни награди на најдобрите во балансирање на slackline и spinning, Wild Boars јаоднесоапубликатавосвојотсвет и сите за интересирани ги научија како се игра рагби а Champions House одржаа Street Workout натпревар кој беше возбудлив и неизвесен до самиот крај!
Преку фотографии, ви пренесуваме дел од атмосферата. Се гледаме догодина.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот