Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ОВОЈ ЧЕТВРТОК ПРОМОЦИЈА НА „ЕМОТИВЕН ТАЛОГ“ НА АНА ЈОВКОВСКА

22
Прегледи
Сподели на фејсбук

На 28 април (четврток), со почеток од 19 часот, во Клуб-ресторанот на МКЦ ќе се одржи промоција на новата книга на Ана Јовковска, „Емотивен талог“.

Ана Јовковска, научна истражувачка, магистерка по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност и тренер по комуникациски вештини, веќе добро ја познаваме како автор. По четирите објавени книжевни дела, сега ни се претставува со едно поинакво четиво, збирка од раскази, колумни и есеи именувани како „Емотивен талог“. Илустрирајќи ги своите лични доживувања, интимни искуства и длабоко почувствувани ситуации, таа ги преиспитува релациите на себството и Другиот, слободата и љубовта, диктатот на технологијата, моралот и ропството, социо-емоционалниот развој на децата, консумеризмот наспроти (не)грижата за природата… но среде сето тоа, Јовковска гласно го поставува прашањето за среќата.

Овие приказни од женската кујна, како што стои во поднасловот, несомнено најдобро може да ги претстави женскиот глас. Ана Мартиноска и Соња Стојменска-Елзесер ќе бидат во улога на промоторки, но пред сè, и на читателки. Сиот разговор за книгата, што ќе биде мултимедијална синтеза од разговор, музика и дружење, ќе ви помогне да се приближите до суштината на оваа книга, како што вели авторот на поговорот Гоце Смилевски, на оваа „топла човечка порака и препорака за искрено и вдаховено живеење“.

Поддржете ја македонската женска проза, бидете дел од настан вреден да се посети и обезбедете си примерок од книгата која ќе остане вгнездена во вашето срце. Добрите настани долго се паметат, а убавите книги уште подолго.

 

Претходен пост

АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ, универзитетски професор и писател – ЉУБОВТА ПОВЕЌЕ СЕ РОНИ ОД ВРЕМЕТО ОТКОЛКУ ОД ЉУБОВНИЦИТЕ

Следен пост

Наградуваниот германски филм „Рока го менува светот“ на „Џифони филмски денови“

Следен пост

Наградуваниот германски филм „Рока го менува светот“ на „Џифони филмски денови“

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.