Кожувчанка“ ДОО како компанија несебично ги поддржува и промовира македонските репрезентативци, учесници на Европското првенство во одбојка 2021, преку својот бренд природната вода „Изворска”.
Компанијата неодамна лансираше кампања со наслов “Ова се нашите херои” која ќе трае два месеца, со цел јавноста да го запознае секој репрезентативец посебно, да дознае интересни работи за него и да го поттикне народот заеднички да ја поддржат репрезентацијата на првенството во септември.
Kампањата на „Кожувчанка“ за поддршка на одбојкарите на претстојното Европско првенство е објавена и на официјалната веб страна на Европската одбојкарска конфедерација (CEV).
„Решивме да ги промовираме нашите одбојкари, нашите претставници на Европското првенство. Мислиме дека тие заслужуваат многу повеќе внимание. Ова се нашите херои кои Кожувчанка како компанија ги поддржува со години, но планираме повеќе да се вклучиме во нивните успеси и да обезбедиме поголема поддршка за овој спорт “, велат надлежните од Кожувчанка ДОО, нагласувајќи ја уникатноста на оваа кампања, како единствена од овој тип.
“Фотографиите на нашите одбојкари се прикажани во автобуси, на автобуски постојки, како и на производите на Кожувчанка ДОО, и верувам дека оваа кампања ќе биде причина за уште посилна кохезија помеѓу националниот тим и навивачите. Создаваме позитивна енергија, и тоа може да биде нова инспирација за уште подобри резултати во Тампере.”