Forbes ја објави листата на најмоќни жени во светот за 2019, а првата петорка изгледа вака:
На петтото место се наоѓа Mary Barra, CEO General Motors. Ова е една од двете компании на глобално ниво каде што не постои разлика во финансиската надокнада на база на пол.
На четвртото место се наоѓа Ursula von der Leyen, претседател на Европската Комисија. Како поранешна министерка во Германија, таа на германските семејства им гарантираше грижа за децата повеќе од 12 месеци, за секое дете.
На третото место се наоѓа Nancy Pelosi, спикер на Претставничкиот дом на САД . Taa e највисоко рангирана жена после избори во Америка и борец за правата на ЛГБТ заедницата како и жртвите на ХИВ вирусот и СИДА.
На второто место се наоѓа Christine Lagarde, Претседател на Европската Централна Банка. Поранешна адвокатка и првата жена на чело на ЕЦБ, таа е министер за финансии на Г8.
На првото место на листата на Forbes за најмоќни жени се наоѓа канцеларката на Германија – Angela Merkel. Таа во моментов го служи 4-тиот и последен мандат како лидер на најмоќната европска економија.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.