“Почитуванa г-ѓо Којиќ!
Гледам, плачете, гледам, се прашувате зошто тие го одземаа вашето дете.
Јас, помалку позната, поминав низ сличен пат. Во 1988 година, решив да го напуштам сопругот. Живеевме во заедничка куќа. На почетокот тој ме извести дека ќе се бори за куќата до крај. Не знаев тогаш што беше „крајот“. Открив во 2017 година. Дваесет и девет години се борев да стигнам до делот на заедничка куќа која беше регистрирана на мое име.
За среќа, адвокатот ме претставуваше бесплатно сите тие години. Ако требаше да ги платам трошоците, јас никогаш не би можела да си дозволам. Ви благодарам, Синиша.
Ја напуштив куќата со чантата во мојата рака. Децата останаа со него затоа што немавме каде да одиме. Нема кој од соседите, странец или поранешен пријател не ме нарече „курва“. Се осмелив да го земам животот во свои раце, да продолжам понатаму и покрај тоа, да си одберам свој пат.
Изнајмив стан на поткровје. Преку врски. Никој не сакаше да ми изнајми стан кога ќе слушнеа дека имам две деца. Познати, непознати, бивши пријатели, сите беа згрозени затоа што сум заминала со љубовник и сум ги “оставила“ своите деца. Наместо да останам со насилник и да чекам кога ќе ми ја разбие главата.
Со центарот за социјална работа во Ријека имав страшна среќа бидејќи мојот “случај“ го доби маж. Никогаш нема да го заборавам. Тогаш научив, слушајќи ги приказните на своите “колешки“ кои имале помалку среќа, дека жената на жена и е жена.
Човекот ми го спаси животот. Во тоа време за првпат слушнав од него дека имам право на избор, дека сум добра мајка, дека децата некогаш ќе разберат и нема потреба да се чувствувам волку виновна.
Се чувствував виновна затоа што на децата им го “уништив животот“, затоа што им го одземав “таткото“. Сега веќе со години живеат опуштено без него, ниту го слушаат, ниту го гледаат, што дојде со тоа што го направив, за разлика од мажените, “пристојни“ жени и мајки што не го прават: помеѓу живот и пекол, одбрав не нов живот, туку живот.
Во тоа време, ќе повторам 1988 година, мажот кој го оставаш може да одбие развод. Мојот тоа го направи. Се бореше против разводот бидејќи ме “сакаше“. На суд бараше да се вратам дома и него и кај децата, иако во нашиот дом веќе живееше друга жена. Судиката сепак не разведе.
По своите работи, облеката, перницата и покривач, појдов едно утро кога воздухот беше “чист“. Неколку дена подоцна, појдов по кубик дрва. “Украдов“ од сопствениот дом, нешто што сум го купила со свои пари, додека синот ми чуваше стража. Потпевнував во малиот камион додека со пријателот го возевме “украденото“ кон подстанарскиот стан, пресреќна што не бев фатена на дело и не ми беше разбиена главата.
И денес некои поради напуштањето на домот и тоа што децата со години го немаат видено својот татко, ме нарекуваат “курва“. Не ме погаѓа тоа. Знам каде живеам, знам дека сум добра мајка, знам дека имам прекрасни деца, прекрасно внуче и сопруг, знам дека сум среќна. Среќна сум затоа што имав храброст да се борам против системот и соседите и пријателите.
Госпоѓо Којиќ! Зошто солзи? Баш тоа него го радува. Зошто се чудите на пресудата? Живееме во Хрватска. Не ја знаете моќта на парите? Не знаете колку женската омраза може да биде силна кога женката ќе осети дека некоја друга женка може да ги отфрли ланците кои самата не може?
Госпоѓо Којиќ како не разбирате? Сите се против вас. Портали, соседи, таблоиди, судови, систем, жени, жени, жени. На страната на вашиот противник е вложена голема сума пари во вашиот прогон.
Госпоѓо Којиќ, вие сте вештица која треба да се згази, да се претвори во бара солзи. Треба да бидете уништена па и засекогаш да ви биде одземен синот затоа што сте “луда“. Да сте “нормална“ во некој камен дворец би гледале “Задруга“, би лакирале нокти и би пееле само во себе.
Госпоѓо Којиќ, кога ве гледам вака расплакана се прашувам, каде е Северина? Северина која лета со светлината, Северина која пее пред илјадници луѓе, Северина која не плаче ни кога цела женомразечка Хрватска ќе се крене на нозе против неа.
Северина! Занемарете ги сите тие одвратни женки кои ве мразат. Занемарете ги мажјаците кои ве посакуваат и мразат зошто не можат да ве имаат. Занемарете го и него кој е пресреќен затоа што “победил“. Не, немојте да ги бришете солзите и да покажувате насмевка заради мене. Јас сум спасена. Направете го заради неколку илјади други Хрватици кои не се Северина а поминуваат низ истото.
Одржете концерт во Загреб! Блескајте во Љубљана! Бидете Северина, бидете голема мајка на малиот Александар кој еден ден ќе биде горд на вас, ако ја добиете оваа битка. А ќе ја добиете.
Ете, сестро, никогаш не сум ве видела, не ги слушам вашите песни, не одам на вашите концерти, ама сум на ваша страна. Вие сте една од нас. Стиснете ги убавите заби, занемарете ги солзите и појдете во војна против змиите кои се продале за шака долари.
Извор: http://www.rudan.info/