Би се осудиле да ја напуштите работата за да се посветите на своето хоби?
Да, тоа е навистина тешка и храбра одлука, која Алиса Росенек ја донела откако и дијагностицирале рак.
Алиса, која била мецински советник, во својата 35та година дознала дека боледува од рак на тироидната жлезда. Две недели подоцна, таа ја напуштила својата добро платена работа, купила фотоапарат и започнала да го остварува својот сон.
Се посветила на фотографирањето ентериери, а на своите проекти работела додека оздравувала од повеќето операции.
Денес, Алиса го води својот блог The New Southern и постојано патува.
Вели дека страшната дијагноза ја поттикнала да го промени својот живот од корен и да патува што повеќе, а сега е посреќна од било кога.
„Отсекогаш сум била вреден работник. Бев успешна гимнастичарка и ренисерка во периодот на моето школување, а кога одлучив да се запишам на колеџ ми понудија спортска стипендија. Сон ми беше да се остварам во корпиративниот свет или да станам доктор. Внимателно ја планирав својата иднина, за што побрзо да стекнам финансиска независност.“ -вели Алиса.
По дипломирањето нејзината кариера напредувала брзо и за 6 години таа ниеднаш не зела годишен одмор. Патувала само кога работата го барала тоа од неа. Била многу успешна и заработувала одлично, но сето тоа се променило кога дознала за својата дијагноза.
„Не чувствував никакви симптоми, но сепак мојот живот одеднаш се преврте наопаку. Кога ќе ви соопштат дека боледувате од рак, се во вашиот живот застанува, а вие едноставно мора да седнете и да размислите за своите приоритети.“ -вели таа.
„Моето тело се укочи, а умот одбиваше да го прифати фактот дека здравјето ми е сериозно загрозено. Сакав само да преживеам и да се фокусирам на нешто позитивно. Кога добро размислив за се, сфатив дека не живеам живот каков што вистински сакам. Сфатив дека ја угушив својата креативност и дека дојде време да и се посветам и да ја споделам со другите.“
„Отсекогаш сакав да се занимавам со фотографија. Две недели откако болеста ми беше дијагностицирана, дадов отказ на работа, купив професионален фотоапарат и научив да фотографирам читајќи разни упатства и инструкции на интернет. Ентериерите и архитектурата беа она на кое сакав најмногу да се фокусирам.“
„Фотографијата ми пружи катарзично искуство кое ми беше потребно за време на оздравувањето после операциите. Сфатив дека сум била заслепена од желбата за успех во кариерата и финансиските придобивки, но дека во тој процес ја запоставив својата вистинска љубов.“
„Сега патувам еднаш неделно како би фотографирала ентериери за магазини и клиенти и јас сум онаа која ги смислува сите детали и композиции кои ќе се најдат на моите фотографии. Кога сум сконцентрирана на својата задача, се чувствувам навистина среќна и чувствувам дека конечно можам да се изразам како уметник.“
„Поминаа четири години од моето лечење. Имав среќа бидејќи болеста ја открив во рана фаза и операциите беа успешни. На некој начин, ракот ми даде дозвола да се занимавам и посветам на работата која вистински ја сакам.“ -изјави Алиса.
Извор: savrsena.com
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.