Ако сакате да се „исклучите“ целосно од бучниот живот на урбаното секојдневие, во тој случај Ирска е опција за вас. Еве зошто.
Минатата недела на Твитер беше објавен оглас за работа за пар или двајца пријатели кои имаат потреба од работа и се подготвени да водат кафетерија на островот Great Blasket Island, кој се наоѓа западно од главното копно. Островот е познат по својата дива страна, но тешкиот карпест терен го направил непопуларен за туристи заради тешката пристапност.
Двајцата вработени ќе треба од април 2020 до октомври 2020 година ке работат тука, со тоа што ќе им биде обезбеден престојот и храната. Во твитот не е спомната платата.
Интересен е податокот дека 23 000 луѓе аплицирале досега за место каде што нема топла вода и струја, а вработените ќе бидат одговорни за одржување на 3 колиби за туристи и една кафетерија.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.