РЕЖИСЕРКИТЕ ПОСТОЈАТ!
Актерката Натали Портман на доделувањето Оскари пренесе моќна порака преку својот моден избор.
На црвениот тепих таа се појави во црно-златна креација на Dior со посебен и смел елемент.
Портман е позната по тоа што ја потенцира половата еднаквост на настани како овој. На Golden Globes 2018 кога ја претставуваше категоријата за најдобри режисери изјави: “И еве ги сите МАШКИ номинации”, нагласувајќи го моментот дека ниедна жена не доби своја номинација.
Токму во таа чест, оваа година на Оскарите на нејзината наметка, со златни букви беа извезени имињата на женските режисери кои не беа номинирани за нивните филмови: Scafaria, Wang, Gerwig, Diop, Heller, Matsoukas, Har’el и Sciamma.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.