Brad Pitt, Leonardo DiCaprio и Margot Robbie се актерското трио во главната улога на деветтиот филм на познатиот режисер.
Филмот раскажува за еден неуспешен актер и неговиот двојник кои заедно се стремат да постигнат слава и успех во филмската индустрија за време на последните години од Златното доба на Холивуд (1969 година) во Лос Анџелес. Во филмот исто така се обработува приказната за смртта на актерката Sharon Tate, која била жртва на семејството Manson.
На премиерата во Кан во мај, „Once Upon a Time In Hollywood“ доби 7-минутни овации, а по официјалната премиера може да се пофали со само пофални зборови од светските критичари и со 70,000 посетители во кино салите во првите 4 дена од прикажувањето.
На црвениот тепих на премиерата во Лондон тројцата актери се појавија во беспрекорно издание, Margot Robbie во впечатлив фустан во комбинација со дискретна шминка и едноставна фризура, а Brad Pitt и Leonardo DiCaprio изгледаа елегантно во темни одела.
„Once Upon a Time In Hollywood“ е втор заеднички филмски проект на Brad Pitt и Leonardo DiCaprio, по филмот „The Audition“, а и двајцата веќе претходно соработувале со Quentin Tarantino во два различни филма.
Новото филмско остварување на режисерот Quentin Tarantino – „Once Upon a Time In Hollywood“ почна да се прикажува и во македонските кино сали.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот