Тропскиот остров Вануату кој се наоѓа на Јужниот Пацифик е мало место кое со години се обидува да ја забрани употребата на пластика. Благодарение на упорноста и долготрајните кампањи, земјата е на работ на имплементација на еден од најригорозните закони за забрана на употреба на пластика.
Минатата година забрани пиење од пластични цевки, користење на пластични кеси и стиропор, но планот е до декември 2019 година на листата да се додадат сите пластични материјали кои ќе бидат забранети, што ја става земјата во предност пред Европската унија, каде овој план е за 2020 година.
Претходно, како што изјавуваат претставници на локалното население за BBC, имало многу пластика, била присутна и видлива секаде, но по забраната бројот почнува да се намалува.
Населението самоиницијативно е постојано ангажирано во чистење на реките и шумите од пластични кеси и други пластични производи. Свесноста е на завидно ниво, бидејќи без план за рециклирање, материјалите од пластика завршуваат во природата.
Дел од нив, со цел да ги заменат целосно пластичните кеси, изработуваат кеси од природни материјали кои ги има насекаде околу нив, како лисја, прачки од дрва и слично.