Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

НОВО ИЗДАНИЕ НА „МЕЃУНАРОДНО ПРАВО ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ“ ОД ЉУБОМИР Д. ФРЧКОСКИ

НОВО ИЗДАНИЕ НА „МЕЃУНАРОДНО ПРАВО ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ“ ОД ЉУБОМИР Д. ФРЧКОСКИ
26
Прегледи
Сподели на фејсбук

Во издание на Издавачки центар ТРИ од печат излезе ново, четврто издание на учебникот „Меѓународно право за правата на човекот“ од проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, книга што ги надминува рамките на учебник за студентите и претставува важен извор за специјалистите во областа. Оригинален, внимателно аргументиран и убаво напишан, овој текст се обидува да ја постави тезата, линијата помеѓу етиката и политиката на човековите права, правејќи „еленски скок“ над правото и позитивизацијата на човековите права што е денес доминантна во светот.

Содржината што ја вклучува оваа дебата за засновување на човековите права се води од самите почетоци на појавата на концептот на правата. „Меѓународно право за правата на човекот“ токму оваа содржина ја совладува, проследува и објаснува на многу иновативен и длабок начин. Базиран врз основните текстови на изданието што за првпат е објавено во 1995 година, ова четврто издание на книгата го продлабочува истражувањето на темата и носи свежа содржина која ги следи промените во областа што професорот низ годините ги следи и проучува. Овој учебник најмногу ќе им послужи на љубопитните истражувачи, на студентите и експертите во областа, преку проширување на искуствата во науката и знаењето. Но човековото право е тема со која сите треба да бидеме запознаени, пред сè како човечки суштества.

Љубомир Данаилов Фрчкоски е еден од најпроминентните македонски интелектуалци и научници исклучително влијателни со своите теоретски ставови и јавни настапи. Неговото потесно научно поле на интерес е меѓународното право за правата на човекот, преговарањето на идентитетските спорови, филозофијата на правото и политичката теорија за демократијата.

Претходен пост

„СЛАВНАТА ИНВАЗИЈА НА МЕЧКИТЕ НА СИЦИЛИЈА“ – УШТЕ ЕДНА ПРИКАЗНА ШТО НЀ ОБЕДИНУВА

Следен пост

Двонеделна онлајн-конференција за климатските промени и вклученоста на граѓанскиот сектор во носење политики

Следен пост
Двонеделна онлајн-конференција за климатските промени и вклученоста на граѓанскиот сектор во носење политики

Двонеделна онлајн-конференција за климатските промени и вклученоста на граѓанскиот сектор во носење политики

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете не и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.