Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

НОВА ЕДИЦИЈА „БЕЗВРЕМЕНСКИ“ – КНИЖЕВНИ КЛАСИЦИ ВО НОВО, МОДЕРНО ИЗДАНИЕ

34
Прегледи
Сподели на фејсбук

Во книжарниците на Издавачки центар ТРИ пристигна најпознатата книга од Морис Леблан која го означи почетокот на една нова несекојдневна едиција насловена како „Безвременски“.

„Безвременски“ ќе ги шири книгите кои важат за основа на целата книжевност – класични дела од истакнати автори, нивните најпознати, но и помалку познати книги кои е време да блеснат во квалитетно издание на македонската книжевна сцена. Книги кои секој треба да ги прочита и кои треба да го најдат своето место на полиците на сечија домашна библиотека.

Целта на едицијата е класиците да бидат широко достапни во изданија какви што заслужуваат, со добри преводи и со модерен дизајн. Не случајно едицијата започнува со книга која важи за најславна меѓу крими-романите, книга која за првпат се објавува во превод на македонски јазик.

Други наслови кои се очекува да пристигнат под знакот на „Безвременски“ и кои наскоро следуваат се „Големиот Гетсби“ од Френсис Скот Фицџералд, „Сликата на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд, „Записи од подземјето“ од Фјодор Достоевски, „Црниот мачор – раскази за мистеријата“ од Едгар Алан По. Ова е првиот бран класици, но оваа едиција и понатаму ќе се шири. Да не се заборави од каде започна книжевноста, кои автори се нејзините столбови што треба да ги негуваме.

Класиките се книги создадени од дамнешни генерации за новите и идни генерации, традиција која не бледнее, патоказ не само во литературата туку и во постоењето – порака која со оваа едиција македонскиот издавач ТРИ ја праќа до секого.

 

 

 

Претходен пост

Real Techniques, иновативни четки за совршен изглед!

Следен пост

„Ова се нашите херои“ – Кампањата на Кожувчанка објавена од Европската одбојкарска конфедерација (CEV)

Следен пост

„Ова се нашите херои“ - Кампањата на Кожувчанка објавена од Европската одбојкарска конфедерација (CEV)

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.