Колку пати досега сте добиле желба да му го кажете некому ова или во најмала рака сте го помислиле?
Сигурно одговор ке биде „многупати“.
Ние луѓето како да сме програмирани да судиме за останатите, притоа не тргнувајќи од себе и помислата дека ситуацијата на која што сме сведоци или дирекни учесници може да ни се случи нас.
Има една приказна која вели вака:
Си биле мајка, татко, дете и магаре. Патувале од едно село во друго. Кога тргнале, родителите го ставиле детето да седи на магарето. Случајните минувачи коментирале:
„Срамота, тие одат, а тоа младо седи на магаре“
Потоа, на магарето се качила мајката, а луѓето рекле:
„Срамота, мајката качена, а детето оди пеш“
Потоа, се качил таткото, а мајката и детето оделе од него. Луѓето рекле:
„Види ги, тој здрав и прав јава магаре, е детето и жената одат до него.“
На крај, сите тројца слегле од магарето и оделе пешки. Луѓето рекле:
„Види ги, наместо да се качи некој од нив на магарето и да се менуваат, тие одат пешки до него“
Поентата е дека не можеме да судимe за тоа што го гледаме. Не знаеме која случка довела дотука. И што е најважно од се – не можеме никогаш да им угодиме на луѓето околу нас. Тие секогаш ќе имаат коментар за тоа што го гледаат.
Секој има приказна, а понекогаш и најдлабоките и најтешките борби се премногу длабоки за да можат лесно да се споделат и да бидат разбрани.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.