Роберт Луис Стивенсон 13 ноември 1850 – 3 декември 1894 бил шкотски писател, поет, есеист и патеписец. Роберт Стивенсон во светската литература е познат по неговите романи „Островот на богатството“, „Киднапиран“ и „Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“.
Роберт Стивенсон, во своето време, бил познат писател и денес е рангиран меѓу 30-те најпреведувани писатели во светот, веднаш зад Чарлс Дикенс. Тој бил доста почитуван од голем број автори, меѓу кои Хорхе Луис Борхес, Ернест Хемингвеј, Радјард Киплинг, Марсел Шоб, Владимир Набоков и останати светски познати автори.
Иако уште од детството боледувал од туберкулоза, водел авантуристички живот исполнет со голем број напишани романи, раскази поезија и патописи од своите долги патувања насекаде низ светот. Бурниот живот го завршил како племенски водач и сопственик на плантажа на островскиот архипелаг Самоа на Пацификот, што е во склад со неговиот авантуристички начин на живот. Луѓето од Племето чиј предводник бил го нарекле Tusitala што значи – раскажувач.
Неговите романи и раскази, исполнети со авантури и хорор се со значајна психолошка длабочина и уживаат популарност долго по смртта на авторот, доживувајќи бројни екранизации.
Издвојуваме неколку интересни цитати:
„Виното претставува флаширана поезија.“
„Не го суди денот според жетвата што си ја направил, туку според семињата што си ги посадил.“
„Стари или млади, овој живот на сите ни е последно патување.“
„Сите живи суштества се сочинети од добро и зло“
„Не постои туѓа земја, само оној кој патува може да се чувствува како туѓинец.“
„Јас патувам не за да отидам некаде, туку за да одам. Патувам бидеќи тоа претставува патувањето. Суштината е постојано да се движиме.“
„Сите живеат од тоа што продаваат нешто.“
„Можеш да даваш без да сакаш, но не можеш да сакаш без да даваш.“
„На што би се гордеел еден човек ако не е горд на своите пријатели.“
„Најзлобните лаги најчесто се кажани во тишина.“
„Задржи ги стравовите за себе, а храброста споделија со останатите.“
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот