На листата на особини кои би сакале да ги пронајдеме кај партнерот, најчесто на врвот се наоѓа смислата за хумор. Има нешто особено романтично во тоа да се најде личност која ќе успее да те насмее во секој момент. Хуморот ја разбива напнатоста и помага парот да се зближи повеќе.
Ако и вам ви е важна оваа особина, барајте партнер со некој од овие хороскопски знаци.
ВАГА
Вагите најчесто се шармантни, забавни, харизматични и уживаат да бидат во центарот на вниманието, секако не на егоистичен начин.
Припадниците на овој знак умеат со своите духовити коментари да опуштат и забавуваат се околку себе. Често се шалат на своја сметка и воопшто не им пречи ако тоа го прави и некој друг за нив. Вагите се интуитивни, па својот хумор го прилагодуваат на публиката. Тие се добри набљудувачи и добри слушатели и имаат многу обемен речник од зборови. Со својата енергија, Вагата умее да го исполни секој простор во кој се наоѓа, а кога е на свој терен и во свој елемент, станува откачена, смешна па дури и бесрамна – се во служба на добра забава.
СТРЕЛЕЦ
Помеѓу знаците, Стрелецот е најзабавен, постојано во движење, воден од својот авантуристички дух, непрестано среќава различни луѓе и влегува во интересни ситуации, преполн е со приказни и случувања кои ги опишува така забавно, што целосно го обзема вашето внимание. Во секоја ситуација, Стрелецот поентира на комичен и енергичен начин, па неговата перспектива е освежување на секого, дури и кога не им е до забава.
Оптимистичен и бестрашен, Стрелецот овозможува да се релаксирате и полесно да поминете низ стресни периоди, како и да согледате дека ништо не е така страшно како што изгледа. Тој ви ја нуди цела своја поддршка и ве бодри, порачувајќи ви дека имате право и кога ви оди лошо да не се препуштите на негативноста, туку да ги согледате убавите работи околу вас.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците се познати по својот гласен хумор со кој умеат да ве опуштат во секоја напната ситуација и да преминат низ било која непријатна тишина.
Особено се добри во “пробивање на мразот“, кога треба да се запознаат нови луѓе или кога сте на забава каде не познавате никого, тогаш задолжително понесете ги со вас.
Тој ќе им се допадне на сите, дури и на оние на кои не им се допаѓа, ќе им биде забавен. Секогаш ја гледаат забавната и смешна страна на сите ситуации и така умеат да ја прикажат на другите, уживајќи во сопствената приказна.