Кралот на рокенролот, Елвис Присли остави големо музичко наследство, но неколку жени кои го носат неговиот лик и дело, пред светот засекогаш ќе бидат потсетник на човекот кој одбележа цела една музичка ера.
Даниел Рајли Кио е внуката на Елвис Присли, родена на 29 мај 1989 година. Таа е актерка, иако повремено работи како фотомодел. Ќерка е на Лиса Мари Присли и Дени Кио и е најстарата внука на Елвис. Има еден брат, Бенџамин Сторм Кио и две полусестри, близначките Харпер и Финли, од бракот на мајка ѝ со Мајкл Локвуд.
Во нејзиното прво интервју, како 15-годишна девојка, за себе ќе изјави дека никогаш не се доживувала како внука на Кралот на рокенролот, Елвис Присли сè додека некој не го спомнел тоа.
Светот ја забележа преку последното продолжение на филмот Mad Max: Fury Road од 2015 година, како и преку улога во филмот „American Honey“ од минатата година. Во 2016 година таа беше дел од екипата на телевизиската серија на Стивен Содерберг, „The Girlfriend Experience“. За улогата на Кристин Рид таа доби и номинација за Златен Глобус за најдобра улога во серија или филм за телевизија.
Инаку нејзината кариера Рајли ја почна на возраст од 20 години, во 2010 година кога дебитираше со улога во филмот The Runaways, базиран на вистинска приказна за животот на женскиот рок бенд од 70тите со исто име. Во нејзиното филмско портфолио се вбројуваат филмовите The Good Doctor, Jack & Diane, Yellow, Kiss of the Damned, Madame Le Chat, Dixieland, Lovesong.
Што се однесува до приватниот живот, во 2014 година ја објави свршувачката со Бен Смит – Петерсен, кој го запозна во 2012 за време на снимањето на филмот Mad Max: Fury Road. Тие ја озаконија врската во февруари, 2015 година во Калифорнија.
Лиса Мари Присли е ќерката на Елвис Присли и Присила Присли. Таа е родена на 1 февруари 1968 година во Мемфис. По разводот на нејзините родители, живеела со мајка ѝ. Кога починал Елвис, Лиса имала само 9 години. Таа заедно со дедо и Вернон Присли и баба и Мини Меј Присли, станала наследник на огромиот имот на Елвис. По смртта на дедо ѝ во 1979 година и баба ѝ во 1980 година, Лиса станува единствениот наследник на Грејсленд. Зад себе има 4 брака, од кои еден со Мајк Џексон и еден со актерот Николас Кејџ.
Присила Присли, жената на најпосакуваниот маж на сите времиња, светот ја запозна како младата сопруга на Елвис Присли, кралот на музиката. Еден од омилените парови во тоа време биле токму тие. Таа е родена на мај на 24 мај 1945 година. Има норвешко потекло, нејзиниот дедо Алеберт Хенри Иверсен во Норвешка во 1899 година, но подоцна емигрирал во Соединетите Американски Држави каде се оженил со бабата на Присила Лорејн. Тие имале само едно дете, Ана Лилиан Иверсен, мајката на Присила. Средбата се случила на 13 септември 1959 година за време на забава во домот на Елвис во Германија додека тој го отслужувал воениот рок. Во 1966 година, тој ја запросил, свадбата се случила на 1 мај 1967 година.
Три генерации жени кои и денес ја носат неговата круна достојно пред себе, но и пред светот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.