На 21 ви јуни во Битола за првпат се одржа настан за собир на најдобрите автомобили, најгласните мотори и најодговорните пораки – Car Show Битола организиран од Car Club Битола. За првпат на едно место беа собрани 160 автомобили од повеќе држави коишто испратија моќни пораки кон посетителите, се организираа најразлични забавни игри како влечење на јаже, бенч прес и сл…
Еко Флуид со задоволство веднаш ја поддржа идејата на организаторите Car Club Битола и на настанот се претстави со свој штанд каде што од најмладите до највозрасните присутни имаа можност да се запознаат со работењето на компанијата и мисијата за зоглемувањето на свеста за рециклирање на отпадно моторно масло. Беа поделени подароци на присутните и на учесниците на настанот.
Битола за прв пат станала автомобилски центар во 1905-тата година, а од овој ден повторно ги отвори вратите за сите љубители на автомобили.
Целата манифестација заврши со прекрасната изведба на Камерниот оркестар од Битола, а ние им честитаме на Car Club Битола за прекрасната организација и наскоро очекуваме покана за следната година.