Гитаристот Ерик Патрик Клептон е роден на 30 март 1945 година. Клептон е англиски блуз-рок гитарист, пејач и текстописец. Toj е единствената личност која била три пати примена во куќата на славните на рокенролот, како соло изведувач, а исто така и како член на рок групите „The Yardbirds“ и „Cream“. Во текот на неговата кариера тој бил почитуван од некои од најважните и највлијателните гитаристи на сите времиња.
Во магазинот „Rolling Stone“, Клептон е рангиран на второто место во листата на „100 најдобри гитаристи на сите времиња“ и на 53. на нивната листа на „Бесмртните, 100 најдобри гитаристи на сите времиња“. Во 2010 година, Ерик Клептон беше рангиран на четвртото место во Гибсоновата (Gibson Guitar Corporation) листа на 50 најдобри гитаристи на сите времиња.
Низ кариерата неговиот музички стил варираше, но секогаш остана заснован на блузот. Од оваа гледна точка тој се смета за иноватор на неколку музички жанрови меѓу кои спаѓаат: блуз-рок (заедно со „John Mayall & the Bluesbreakers“ и „The Yardbirds“ и психоделичен рок (заедно со „Cream“).
Сепак Клептоновите успеси на листите не беа лимитирани со блузот, тој ги зазема првите места со песната „Tears in heaven“ чија музика припаѓа на жанрот „Современа музика за возрасни“ (анг.Adult contemporary music) и со реге песната на Боб Марли , „I Shot the Sheriff“, (на сцените, кога настапува често изведува и реге песни на Боб Марли). Две од неговите најуспешни песни се љубовната хит песна „Layla“, која ја свиреше заедно со бендот „Derek and the Dominos“ и песната „Crossroads“ на Роберт Џонсон.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот