Одржувајќи ги современите тенденции и потребите на новите генерации, луксузните брендови почнаа да ги поместуваат границите на креативноста, и во последно време некако се повеќе се актуелизира гастрономијата. Во рамки на најпознатата локација на Петтата Авенија, каде се наоѓа легендарното Tiffany & Co, се наоѓа тематското The Blue Box кафуле. Четвриот кат од зградата кој добро го запомнивме од култниот филм “Појадок кај Тифани“ со Одри Хепберн, сега нуди единствено филмско доживување.
Во 1961 година беше снимен филмот кој влезе во светските класици, каде Холи (Одри Хепберн) го пиеше своето кафе и го јадеше својот кроасан пред стаклениот излог на Tiffany & Co. Во тоа време, тоа беше продавница за скапоцен накит кој важи за традиционален бренд. Со оглед на тоа дека новите генерации имаат потреба да ја отфрлаат традицијата и да се насочат кон иновативноста, се појави потреба да се привлече нивното внимание. Денес, најактуелен е креативниот ентериер и добрата кујна. Конечно е возможно да се проживеат вистинските холивудски моменти, под услов да се резервира свое место на време. За сите фанови на Одри, сега е возможно да го имаат она што таа не можеше – вистински појадок кај Тифани.
Цените на појадокот се движат од 29 долари а во понудата влегува чај и кафе, кроасани и сезонско овошје, класичен тост со авокадо, димена шунка или сочна шницла. За време на ручекот на менито има салата, морски плодови, кавијар и пире од компири. Чоколадниот мус е задолжителен заедно со попладневното еспресо.
Со ова, Тифани не е веќе само производител на накит, туку и симбол за одреден начин на живот. Со овој гест се создаде посебна врска помеѓу брендот и купувачите, доволувајќи им да уживаат во својот шопинг на посебен начин.