Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

На кратко со… Јована Костадиновска

65
Прегледи
Сподели на фејсбук

Јована е телевизиски лик кој секое утро ве поздравува, носејќи информации од земјата и светот. По неколку години надвор од фокусот на јавноста таа и се враќа на телевизијата во улога на презенетер.

Во продолжение, На кратко со… Јована Костадиновска.

Јована, публиката може да те гледа секој ден на фреквенцијата на телевизија Нова, во улога на тв презентер. Тешко ли ти беше враќањето пред екран?

Иако направив подолга пауза во која најважно според мене е тоа што се реализирав како мајка, успеав да го надополнам моето професионално CV со искуство во области кои исто така ме привлекувале, како аеробикот, кој е моја пасија. Всушност, зависна сум од спортот , а за кусо време имав и искуство во областа на односи со јавноста. Сепак, телевизијата со својата магија ме врати пред тв екраните, а јас повторно сум своја на своето!

Какво беше чувството кога за првпат се појави пред камера?

Телевизијата е заразна, доколку еднаш ја засакаш и тоа е местото каде се пронаоѓаш, засекогаш останува така. А за мене, останува секојдневен предизвик.

Како ти изгледа работниот ден?

Утрото за мене почнува многу рано, со оглед на обврската како мајка и пред да стартувам со работните обврски, веќе наголемо почнал денот. Вестите во координација со уредниците ги подготвувам уште претходната вечер со тоа што ги следиме најновите информации од рано наутро за да можат навремено да стигнат до гледачите. Вестите на ТВ Нова се на секој час, со тоа што сме во чекор со дневните случувања. Од пред неполн месец, дополнителна работна обврска за мене се и вестите на Happy Radio кои можете да ги слушнете на фреквенцијата 107,4. Работната динамичност соодветствува со мојот динамичен темперамент што сметам е клуч за среќна, но и успех во работата.

Без што не ти почнува денот?

Денот некако тешко почнува без турско кафе и бар еден плод овошје… не излегувам од дома без бакнеж од ќерката и сопругот, во текот на денот не можам, а да не ги прегледувам постојано вестите на електронските и пишаните медиуми, а денот не го завршувам без спортување

Тројца омилени луѓе во твојот живот?

Зар мора да бидат тројца? Или пак 3 асоцира на среќа 🙂 За мене среќата во моментов се врти околу ќерката Мила и сопругот Марко, но да ја исполниме квотата, во 3-ка ќе ги ставиме блиските членови на семејството, пријателите и сите драги луѓе кои го исполнуваат моето секoјдневие.

Подготови: Билјана Настеска – Каланоска

Фото: Приватна архива 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

 

Претходен пост

Кои се најкреативните македонски инстаграмџии

Следен пост

На кратко со..Елена Петреска

Следен пост

На кратко со..Елена Петреска

Discussion about this post

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.