Почитувани читатели,
Дарко има потреба од нашата помош, а ние сложни како и секогаш, може да дадеме свој придонес кој за нас значи малку, но за него многу. Ви ја пренесуваме пораката од неговите пријатели кои ја споделија неговата животна приказна со нас, со цел да го олесниме неговото секојдневие на било кој начин на кој можеме.
“Изминатиов период ја дознавме состојбата на нашиот соученик Дарко. Него животот не го послужил најмногу и ние како соученици IV 2 , генерација 1999-2003 година од Васил Антевски-Дред започнавме акција за собирање на средства, конзервирана храна и средства за хигиена со цел да му го подобриме животот. Дарко живее во руиниран стан во Гази Баба без струја и без платени заостанати обврски за рати за станот кон ПУИК. Од средствата кои што ние како негови соученици ги собраме ги наменивме за подмирување на овие заостанати торошоци. Свесни сме за тоа дека ова што го правиме не е трајно решение, па поради тоа сме и по потрага на работа за него, со цел да може да застане на свои нозе и да започне норамлен живот. Во меѓувреме упатуваме апел до секој хуман човек кој може да излезе во пресрет да донира парични средства или пак да донира конзервирана храна. Паричните средства може да се уплаќаат на трансакциска сметка со назнака “За Дарко” 210-5016028869-28 , ако пак се одлучите да донирате конзервирана храна или средства за хигиена може да се јавите на следниов телефонски број на Дарко 078 614 524 или да ги однесете во станот во кој живее Ул. Лазар Поп Трајков бр. 18, вл. 2, стан 9.
Ви благодариме!“