Неодамна во Рим, прекрасната Моника Белучи прими важно признание за досегашните филмски постигнувања.
Таа ја прими наградата Virna Lisi – Fondazione Cinema per Roma, поради своето влијание на италијанската и глобалната кинематографија и изјави дека тоа за неа е огромна чест.
„Ова многу ми значи бидејќи Вирна Лиси е актерка која исклучително ја почитувам. Таа не е само големо име во италијанската кинематографија, туку припаѓа на светската лига на најдобри актерки. За мене, таа го претставува она кон што целам, а под тоа подразбирам нејзиниот талент, нормално, но исто така и интелигенцијата, убавината и елеганцијата со која зрачи. Затоа, во голема мера сум почестена и трогната што ја добив оваа награда која го носи нејзиното име.“ –изјавила Моника во нејзиниот говор кога ја примила наградата.
Нејзината кариера всушност во многу аспекти потсетува на Вирна Лиси. Двете се италијанки кои стекнале светска слава и се труделе да го избегнат познатото клише – улога на ”секс-бомба”, инсистирајќи на покомплексни улоги во филмовите.
Овие денови таа е сепак повеќе сконцентрирана на растење на својата ќерка, отколку на кариерата и се ограничува на еден филм во годината, кој го бира според емоциите.
Белучи, која е во јавниот свет уште од тинејџерските денови, прво како модел, а потоа како актерка, има многу да каже за моментално актуелниот бран во Холивуд.
Жените проговоруваат за своите искуства кога биле сексуално нападнати и вознемирувани.
„Можам да кажам дека сум среќна што имам две ќерки кои се родени во ова време, во овој век. Важно е дека жените сега се истакнуваат, наоѓаат храброст да кажат јавно дека се исплашени, бидејќи стравот е емоција која на сите ни е запишана во ДНК.“
Таа вели дека го мрази моментот кога жртвите на Харви Вајнштајн биле посрамотени и критикувани бидејќи не проговориле порано.
„Луѓето прашуваат зошто овие жени молчеле толку долго? Зошто не кажеле веднаш што се случува? Кога е птицата во кафезот подолг временски период, дури и кога е вратата од кафезот отворена, таа не лета надвор веднаш. Да би излегла надвор, нешто одвнатре мора да се промени. Потребно е време да собере храброст, а тоа не е воопшто толку лесно како што изгледа.“
На прашањето дали таа лично доживеала злоставување во текот на својата кариера, вели: „Нормално дека сум доживеала. Мислам дека нема жена на светов која не го доживеала тоа во одредена мера. Исто така, мислам дека жените од мали нозе учат како да се носат со такви ставови. Во некои случаи, сметате дека е тоа нормално бидејќи се случува многу често. Но, тоа не е нормално. Мораме да ги научиме своите деца дека тоа не е нормално.“ –објаснува Моника.
„Како мајки, мораме да ги научиме нашите деца да препознаат такви ситуации пред да се случат, да не се чувствуваат виновни и да знаат како да се соочат. Кога сме деца, често ни велат да водиме сметка како сме облечени, како се однесуваме и дека не смееме да ги провоцираме мажите. Но, на мажите никој не им вели дека тие не смеат така да се однесуваат. Да напаѓаат, допираат жени и да мислат дека таа сака секс ако носи мини здолниште. Мажите се тие кои мора да научат каде им е местото.“
Што се однесува на нејзиното искуство со Харви Вајнштајн, таа вели:
„Не морав да излегувам на крај со такви ситуации бидејќи знаев како да ги избегнам. Ако сте убава жена во свет каде што изгледот е толку многу важен, треба да знаете како да се поставите.“
„Одамна еден познат психолог ми рече дека моќните мажи понекогаш како да имаат две личности во себе. Едниот дел е апсолутно нормален, дури брилијантен. Другиот дел пак, е ненормален, скоро ѕверски. Така да кога ќе запознаете таква личност мора да се трудите да имате контакт само со неговиот нормален дел. Сметам дека одредени моќни луѓе, понекогаш мислат дека е се возможно и дека за нив не постојат граници и правила за однесување.“
Прекрасната актерка и се обраќа на женската популација:
„Мораме да го разликуваме додворувањето со нападот. Не можеме да ги мешаме овие два поима и не смееме да обвинуваме некој без да имаме реална основа за тоа.“
Пет литературни класици за силните жени од 19. век во издание на Нампрес
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.