Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Мартин Лутер Кинг, човекот кој имаше сон

671
Прегледи
Сподели на фејсбук

Мартин Лутер Кинг Џуниор бил баптистички свештеник и социјален активист, кој играл значајна улога во борбата за човекови права во САД во средината на 50-тите години се до неговото убиство на 4.април 1968 година. Во продолжение можете да прочитате помалку познати податоци за еден од најдобрите говорници во историјата на Америка и добитник на Нобелова награда за мир во 1964 година.

Неговото име било Мајкл, а не Мартин

Борецот за човекови права се родил како Мајкл Кинг Џуниор на 15. јануари 1929 година. Неговиот татко, свештеник на баптистичка црква во Атланта, патувал во 1934 год низ Германија и се инспирирал од зачетокот на протестантските реформи, па со својот петгодишен син го менува името во Мартин.

Запишал колеџ на 15 години

Мартин Лутер Кинг бил надарен и талентиран, па ги прескокнал одделенијата и бил запишан на колеџ во 1944 год. Иако бил син, внук и правнук на баптистички свештеник, Кинг не сакал да ја продолжи семејната традиција, се додека директорот на колегот не го убедил во спротивното. Завршува колеџ дипломирајќи на отсекот за социологија. Продолжува со постдипломски студии на Универзитетот во Бостон, каде докторира во 1955.

Бил во затвор 29 пати

Бил апсен за граѓанска непослушност и на основа на измислени обвинувања, а еднаш и заради возење од 48 км на час во зона каде е дозволено 40 км на час.

За влакно и избегал на смртта во обид за убиство

На 20. септември 1958 година бил во Харлем да ги потпишува своите нови книги „Чекори кон слободата“ кога му пришла Изола Вар Кари. Го прашала дали е тој Мартин Лутер Кинг, а кога потврдил, му рекла дека го барала пет години, а потоа го прободела отварач за писма од 6см во градите. Врвот на ножот завршува во неговата аорта, а Кинг подлегнува на тешка операција. Хирурзите подоцна му кажеле дека само еден погрешен покрет можел да му ја дупне аортата и да го убие.

Со последниот говор ја претскажал својата смрт

Кинг го посетил Мемфис во 1968 кога го поддржува штрајкот на афроамериканците и во говорот кој го одржал, ноќта пред убиството, тој кажал: Како и сите, би сакал да живеам долго. Долговечноста има свое место. Но, не сум загрижен со тоа сега… Ја гледам ветуваната земја. Можеби таму нема да стигнам со сите вас, но би сакал да знете вечерва дека ние сите како луѓе ќе дојдеме во ветаната земја. И среќен сум, не сум загрижен воопшто. Не се плашам од никој, моите очи ја видоа славата Господова.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Tags: живод америкамартин лутер кингподатоци
Претходен пост

„Секогаш трудете се да изгледате како да сте на одмор“ … Или барем мирисајте како да сте – Том Форд

Следен пост

Тајната на изгледот на Мадона

Следен пост

Тајната на изгледот на Мадона

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.