Што мислите, колку пати неделно двојките би требале да имаат секс за да се среќни? Некои испитувачи тврдат дека го откриле „магичниот“ број…
Според нив, сосема е доволно и еднаш неделно да водите љубов со партнерот за да се одржи среќата во врската. Партнерите можат да имаат интимни односи и почесто, ама тоа нема да има значително влијание на среќата во врската. Во нивните испитувања биле вклучени 30,000 лица, сите во брак, кои потврдиле дека барем еднаш неделно е доволно.
Според Ејми Мјуз од Универзитетот во Торонто, која ја предводела студијата, многу е важно да се одржува интимна врска со партнерот, иако тоа не значи дека треба да имате секс секој ден. Испитаниците, истовремено потврдиле дека понекогаш сакаат долги сеанси, а понекогаш секс на брзина.
Сепак, најинтересно е што испитаниците потврдиле дека за среќа во врската, сексот е поважен од парите.
Резултатите од истражувањето се објавени во Social Psychological and Personality Science.