Од секси уживање за возрасни – Love don’t be Shy, до do Love don’t be Shy Extreme, ново секси доживување предозирано со слатки ноти на роза.
Пред повеќе од деценија, основачот Kilian Hennessy во соработка со парфимерката Calice Becker го креираа Love, don’t be Shy. Повторно работеа заедно на Love, don’t be Shy Extreme, додавајќи нагласен ледено кристален, чист, цветен аспект на оригиналот. Ако Love don’t be Shy е заповед, храбро влегување во уметноста на љубовта, Love, don’t be Shy Extreme повикува да се влезе подлабоко во предизвикот и деликатесноста.
Цветот од портокал и роза во богати количини, го чинат овој пенлив еликсир неодлив за неизлечивите гурмани. Love, don’t be Shy Extreme, новата ароматична варијанта се отвара со чиста мирисна интерпретација на сончевата светлина отелотворена во есенција на бергамот и цветовите на северноафрикански портокал. Силните сензуални ноти доаѓаат од амбер, ванила и мирис на бел слез кој дава посебно гурмански акорд.
Делот од Narcotics олфактивната фамилија на парфемите Kilian, мирисот Love don’t be Shy Extreme е дизајниран за со слаткоста која доминира да предизвика зависност и не е за оние со слабо срце.
Блескава инкарнација на луксузот, шишенцето на Love don’t be Shy Extreme е интеракција на контрастот на бело стакло со златни детали, со бел изгравиран потпис. Обликот останува верен на стилот на Kilian Paris: елегантен, урбан, со подтонови на арт деко дизајн.
Love, don’t be Shy Extreme не е повик за љубов. Тоа е смелост за импулсивно нурнување во бестрашност и сензуалност.