Познатиот писател Гијом Мисо е роден во францускиот град Антиб. Уште како дете читал многу книги и бил сигурен дека еден ден ќе пишува новели. Во 2009 година, Гијом Мисо беше втор најпродаван автор во Франција, а 2011 беше трет автор по број на продавани книги од 2008, веднаш по Стефани Маер и Харлан Кобен. До сега неговите книги се преведени на 34 јазици и продадени се во 11 милиони примероци ширум светот.
Еве ги најубавите делови од неговите книги…
„Мокра до коска и целосно гола, таа се појави на мојата тераса среде бурната ноќ.
-Објаснете ми како дојдовте, но објаснете ми брзо бидејќи, навистина, ми се спие.
-Паднав.
-Паднавте од каде?
-Паднав од една книга. Паднав од вашата приказна! Паднав од еден ред, среде незавршена реченица-додаде таа покажувајќи кон масата каде што беше книгата…“
„Се мисли дека некои врски се толку силни што можат да одолеат на се, но тоа не е вистина. Довербата што бледнее, презаситеноста, погрешните избори, лажливата заведливост, топлиот глас на некои кретени, долгите нози на некои кретенки, неправдите на судбината, сето тоа учествува во убивањето на љубовта. Во тој вид нерамноправна борба, шансите за победа се минимални и содржат повеќе исклучоци одошто правила. Некои велат дека големата љубов се препознава кога ќе сфатите дека единствената личност на светот која може да ве утеши е токму онаа која ви ја нанела најголемата болка.“
„…кога болката е преголема и кога ударите стануваат неиздржливи,тогаш се завлекуваме во себе и чекаме бурата да помине. Секогаш доаѓа моментот кога непријателот ќе се умори. Секогаш доаѓа момент кога, најпосле, се укажува надеж за спас.“
„Кога станува збор за книгите и пријателите, најдобро е да имаме малку, но добри пријатели и книги.“
„Понекогаш е навистина страшно да бидеме сакани. Бидејќи животот е комплициран и често ни ја праќа вистинската личност во погрешно време.“
„Љубовта е секогаш опасна. Тоа е надеж дека можеме да добиеме сè, но и ризик дека можеме да изгубиме сè. Но, понекогаш тоа е прифаќање на ризикот дека можеме да сакаме повеќе отколку што сме сакани.“