Светот е во неверување од веста дека веќе неколку денови гори една од најголемите тропски шуми Амазонија. Пожарот постојано се шири, буквално уништувајќи ги белите дробови на планетата Земја.
Повеќе јавни личности, меѓу кои и актерот Leonardo DiCaprio, интензивно мотивираат светот да се вклучи во акција и преку своите великодушни донации поттикнуваат кој колку може да помогне и да донира со цел да се спречи ширењето на пожарот и да се зачува колку може од шумата.
Холивудската ѕвезда Leonardo DiCaprio во неделата (25.08.2019) објави дека преку својата организација „Earth Alliance“ ќе донира 5 милиони долари за да помогне да се згаснат пожарите во Амазонската џунгла. Актерот истакна дека организацијата пред сè е посветена на човековата филантропија и заштита на животната средина.
Во неговата објава на социјалната мрежа Instagram, тој изјави дека: “Целта на фондот е да се фокусираат критичните ресурси на домородните заедници и другите локални партнери кои работат на заштита на одржливиот биодиверзитет на Амазон против пожарите што во моментот горат низ целиот регион“.
DiCaprio апелира до владите од целиот свет со заеднички сили да се погрижат оваа трагедија да не продолжи, нагласувајќи ја штетата што овие пожари ја прават на целата планета Земја.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.