Стење e мало село позиционирано на самиот брег од северозападниот залив на Големото Големото Преспанско Езеро, вгнездено во источното подножје на планината Галичица.
Се наоѓа на надморска височина од 855 метри, од левата страна на патот Битола-Корча, во непосредна близина на самата граница со Албанија.
Од градот Ресен е оддалечено 23 километри, од каде се стигнува преку асфалтен пат.
Откако плажата беше реновирана, со поставување на нов песок, монтажни објекти на самиот брег, како и во самото езеро, изградба на ново шеталиште, селото доживува туристички развој. На брегот на езерото се наоѓа еден хотел, а локалните жители во последните години нудат и приватно сметување.
Доколку досега не сте имале можност да го посетите, не размислувајте, ова е уште една убавина која ја крие нашата земја. Климата е пријатна, во текот на летото температурата достигнува во просек до 30 степени. Додека одмарате на плажата, чувствувате нежен ветар, што пак го прави уше поголемо задоволството под сонцето.
Во вечерните часови нема многу избор за прошетки и понуда на ресторани, но идеално за вистински одмор.
Во оваа област се наоѓа и еден архeолошки локалитет – Певчиња познато и како Градиште или Варници. Локалитетот претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на брегот на Преспанското Езеро, на околу 500 m југоисточно од селото, каде со експлоатацијата на песок од страна на градежните претпријатија биле откривани темели од објекти и гробови од големи камени плочи. Исти објекти се појавуваат и повнатре во езерото при опаѓањето на нивото на водата.
Извор: Wikipedia
Фото: Интернет
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.