Завчера на штандот на Сакам книги читателите чекаа во ред долг скоро до влезот на Саемот за да се поздрават и добијат автограм од нивниот омилен пистаел – Крис Картер кој оваа година беше во центарот на вниманието на 35. Издание на Саемот на книга.
Тиражите на неговите две најнови книги „Јас сум смрт“ и „Јавувачот“ веќе се при крај и со огромна радост можеме да констатираме дека Крис Картер сруши рекорди по продажба.
Рекорди беа срушени и по продадени влезници на саем, како што не памети Саемот.
За добрата атмосфера на штандот се погрижи и диџеј Јанко, убавата енергија на целиот тим на издавачот како и среќните и возбудени лица на посетителите.
Ана Гублер (книжевен инфлуенсер) изјави дека и два дена би чекала во ред само за да добие шанса да се поздрави со него и да добие автограм од него.
Во редицата можеа да се забележат и доста автори кои му се восхитуваат и му се најверни читатели.
Наде Стојиљковиќ, познат автор и новинар, беше дојдена уште од 10 часот само за да си фати место и меѓу првите да добие автограм од сензационалниот трилер мајстор Крис Картер.
Слаѓан Славенски, автор и голем обожавател на Крис Картер, изјави дека ќе чека во ред колку и да е потребно затоа што оваа можност е неповторлива и не би ја пропуштил за ништо на светот.
А Крис Картер воодушеви со неговата енергија која доминираше на сцената. Успеа да се прегрне, да се фотографира и да размени по некој збор со сите кои дојдоа да се поздрават со него.
Картер одушевен сподели дека е премногу задоволен од пречекот и приемот во Македонија. Со петчасовното потпишување книги завчера, рече дека Македонија е тука негде веднаш по Германија каде срушил рекорди во потпишување примероци.
Со овој настан се потврди дека македонските читатели се многубројни и тука се кога треба да се претстави Македонија во најдобро светло пред странските автори.