Шпанскиот серијал од 3 сезони – La Casa De Papel (Money Heist) продолжува. Веќе е објавен и датумот на прикажувањето на новата сезона на Netflix, на 3-ти април 2020 година.
Иако приказната ги освои срцата на сите што изгледале барем една епизода, сепак не се запознаени со целосната симболика.
На сите фанови им е позната целта на Професорот: Тој му пркоси на опшеството и организира грабеж на фабриката за правење пари без воопшто да украде од народот, за на крај да му даде на народот повеќе од она што го добива! Нешто како поморален Робин Худ? Проценете сами.
Цела серија е внимателна осмислена до најситните детали кои на суптилен начин ја пренесуваат својата порака до гледачите.
Прво, маските со ликот на Салвадор Дали кои “ограбувачите” на банката ги носат на себе – не се случаен избор. Салвадор Дали е генијален сликар кој го наследил животот на општеството спротивно на моралот и обичаите. Никогаш не прифатил наметнување на општества и право на погрешни морални кодови. Маските ја претставуваат оваа нерегуларност.
Црвениот комбинизон претставува социјализам (комунизам). Носителите се социјалистички другари и се борат.
Полицијата и парите претставуваат капитализам. A во капитализмот парите значат сè. Дури и моралот е регулиран од пари. Значи, кога некој ги напаѓа парите, тие луѓе се прогласуваат за лоши. Кога е нападнат од пари, капитализмот води војна против напаѓачите со своите вооружени и визуелни механизми.
Професорот ја симболизира научната перспектива и сметководството.
Песната Ciao Bella е уште еден симбол на социјализмот.
Ликовите раскажуваат приказна тесно поврзана со градот чие име го носат. Како Берлин за кој подоцна дознаваме дека се бори против неизлечива болест.
Исто така, не е случајно што Моника го одбра името на градот Стокхолм откако се придружи на тимот. Значењето тука произлегува од психолошката состојба наречена Стокхолм Синдром во која заложниците развиваат емотивни и емпатични чувства со своите киднапери за време на заробеништвото.
Некои критичари велат дека серијалот е шлаканица за капиталистичкиот систем.
Доколку се уште не сте ја гледале серијата, погледнете го Тrailer-от и почнете веднаш:
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.