По разводот со Џенифер Гарнер, актерот Бен Афлек се бореше со својата зависнот од алкохол.
По три години рехабилитација, актерот изјави дека е трезен и неодамна беше забележан со нова девојка во Куба.
Се работи за шпанската актерка Ана де Армас, за која јавноста не знае премногу.
Која е таа?
Ана де Армас (32) е родена во Куба и својата актерска кариера ја започнала на 16 годишна возраст. Најмногу се прослави со својата улога во шпанската серија El Internado (2007-2010) која се прикажуваше и на македонските телевизии.
Интересен податок за серијата е дека токму Македонија се спомнува во една од епизодите, како земја позната по високото ниво на земјоделство.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.