Бидејќи здравствените власти ги охрабруваат луѓето да практикуваат социјалнa дистанцa за да може да се воспостави контрола на вирусот, генерацијата Х (ИКС) смета дека тие се уникатно подготвени да се справат со ситуацијата. Оние што припаѓаат на групата се луѓето родени помеѓу 1965 и 1980 година. Познати како заборавена генерација, овие луѓе – сега на возраст меѓу 40 и 55 години – честопати останувале сами како деца додека работеле нивните родители. Значи, идејата да се биде во осаменост не е ништо ново за нив.
Тие се родени во време кога и жените активно почнале да работат, така што доаѓањето во празен дом значело наоѓање начин како да го поминат времето, во период кога немаше употреба на дигитлани алатки, односно немаше интернет или беше во зародиш.
Заради презафатеноста на родителите, во тој период во Велика Бротанија е забележана стапка на пораст на разводите, така што оваа генерација смета дека изолацијата е само повторување на нивната младост кога останувале честопати дома сами.
Така што, сега преку социјалните мрежи, најмногу преку Твитер, генрацијата X ги повикува луѓето да ги прашуваат за идеи како најзабавно и најдобро да го поминат времето дома, а воедно и да бидат продуктивни. Тука влегуваат совети за добри книги, заборавени социјални игри, теми на разговор и слично.
Доколку во вашето окружување имате некој кој припаѓа на оваа генерација, барајте го веднаш – не пишувајте пораки, туку побарајте го на телефон 🙂
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.