Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Кога сте воспитани од силна мајка, станувате силнa женa

92
Споделувања
136
Прегледи
Сподели на фејсбук

Кога ќе ве порасне силна жена, полна со емоции и љубов, вие станувате свесни дека единствената одговорна личност за сопствената благосостојба сте само вие. Разбирате дека вашата кариера, пријателства или врски сами од себе не може да се обликуваат. Кога ќе ве израсне силна жена, ЗНАЕТЕ дека животот е тоа што вие ќе го направите.

Сфаќате дека вие сте единствената која што ги има правата да ги кажува насоките на својот живот, дека никој и ништо не може да ја одреди и дефинира вашата вредност.

Кога силна жена ве пораснала, знаете дека треба да застанате и да се борите за себе кога некој ќе се обиде да ве критикува или да ве повреди. Учите да кажувате што мислите во различен социјален контекст. Знаете како да го заштитите тоа што е ваше и не дозволувате некој да ги пречекори ограничувањата.

Кога ќе ве порасне силна жена, разбирате што значи самопочитта.

Учите да бидете трпеливи, љубезни и да се разберете себеси. Не дозволувате другите да направат да се чувстввувате помалку вредно или слабо. Ја разбирате важноста од грижата за себе и љубовта кон себе.

Кога силна мајка ве пораснала, го знаете вистинското значење на љубовта. Сте ја научиле важноста на жртвата, трпението и посветувањето. Го разбирате процесот на градење на значајни, здрави врски полни со љубов. Ја знаете разликата помеѓу вистински љубезните луѓе и оние другите лажни и манипулативни.

Кога ве пораснала силна жена, знаете дека плачењето не е знак на слабост. Знаете дека дури и најотпорните луѓе понекогаш се чувствуваат исплашени и беспомошни. И тоа е во ред.

Кога сте воспитани од силна мајка, знаете колку е важно да верувате во себе. Никогаш не се откажувате од своите цели и соништа. Знаете дека не сте сами на овој свет. Знаете дека секогаш ќе имате кој да ви го чува грбот во лошите денови, личност која секогаш ќе биде тука да ве крене кога ќе паднете. Личност со која можете секогаш да разговарате без разлика на времето.

Кога сте воспитани од силна мајка, вие самите станувате силни жени

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

Дали вчера подаривте мартинка?

Следен пост

Хераклеја – споменик на културата и потсетник на минатото

Следен пост

Хераклеја – споменик на културата и потсетник на минатото

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.