Светот го знае како Холивуд ѕвезда и одличната улога во “Матрикс”, меѓу останатите филмски остварувања, но Киану Ривс е многу повеќе од тоа. Актерот постојано остава трага со својата човечност и хуманост, поради тоа што води сосема нормален живот, се вози во метро и основа хуманитарни организации за заболените од рак, без воопшто да го поврзе хуманото дело со своето светско познато име.
Скромен и приземен, со тешко и несекојдневно минато, Ривс не испирира и мотивира преку неговите најпознати мисли, меѓу кои…
- Ако можеш да направиш жена да се насмевне, тогаш пред себе ја гледаш најубавата креација од Бога.
- Ако не си среќен, треба да го промениш животот, да се разбудиш ако не чекориш по правецот што го сакаш.
- Секоја животна борба те обликува во личноста која што си денес. Биди благодарен за тешките времиња, тие можат само да те направат посилен.
- Кога бакнуваш некој тоа е прилично интимно, всушност многу интимно и твоето срце секогаш подрипнува пред да го сториш тоа.
- Понекогаш непријателите се наши најдобри учители. Тогаш имаме можност вистински да учиме од нашите грешки, бидејќи уништувањето често значи повторно раѓање.
- Верувам во љубов на прв поглед. Ја посакуваш таа поврзаност и потоа сакаш малку проблеми.
- Утрешниот ден не е загарантиран, затоа живеј денес!
- Понекогаш едноставните нешта се најтешки за постигнување.
- Да се заљубиш и да бидеш во љубовна врска, се две различни нешта.
- Бев изразнат да ги третирам луѓето онака како што би сакал да бидам третиран. Тоа се вика почит.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.