Сигурно знаете како вашите родители дошле до вашето име, но дали некогаш сте се запрашале зошто одредени компании се викаат баш така како што ги знаеме? Сте се запрашале ли кој му бил кум на Гугл, на пример? Дознајте ги интересните приказни за тоа како настанале имињата на неколку технолошки гиганти.
Идејата за името почнала како шега за бројот на информации кои можел да ги пребарува овој познат пребарувач. Прво требало да се вика Googol , односно број кој означува единица после која следат сто нули. Но, кога основачите го поднеле својот предлог кај инвеститорот, тој предложил да се промени во Google и денес тоа е името на најкористениот интернет пребарувач.
Microsoft
Терминот е создаден од Бил Гејтс, и е кованица од “micro” и “software”.
Samsung
Името доаѓа од корејска кованица која означува моќност и големина.
Apple
Стив Џобс ја основал оваа позната компанија, но не можел да најде соодветно име за неа. Ги прашал сите вработени за предлог, но бидејќи никој не дал предлог до крајниот рок, тој започнал одново да размислува. Во моментот, јадел јаболко.
Adobe
Доаѓа од името на реката која тече зад куќата на основачот на Adobe компанијата, Џон Варнок.
Cisco
Терминот се смета дека е скратеница за Сан Франциско, каде што е и седиштето на компанијата.
HP
Основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард фрлале ждрепка чие презиме да стои прво на заедничката компанија и извлекле HP, односно Hewlett &Packard.