Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Како ни успева – Платите мали, моловите преполни?!

114
Прегледи
Сподели на фејсбук

Сте ја слушнале ли констатацијата на народот – „сите кукаат дека се нема, а трговските центри секогаш преполни“?

Интересно е што атрактивните места за купување во сите делови на главниот град, навистина се полни, иако работат од 9 до 22 часот, секој ден во неделата.

Трговските центри – молови, не само што создадоа нови стандарди за купување, туку и за забава и ги заменија оние објекти што ги нарекувавме „стоковни куќи“, односно таму каде што некогаш одевме исклучиво за купување облека.

Мода, убавина, храна, филмови, играчки, накит, козметика, здравствени производи – сето ова сега нè чека на истото место. Откако ќе влеземе, нема потреба да излегуваме барем неколку часа. Честопати го купуваме она што не ни треба, затоа што сме во искушение од излозите и попустите. Сепак, секој ден се жалиме на ниските приходи.

Дали трошиме повеќе од нашите можности?

Во САД, оние кои го посетуваат трговскиот центар барем еднаш неделно трошат околу 150 американски долари, или 30 милијарди долари неделно, кога ќе се пресметаат сите потрошувачи. Ова не е секако ситуацијата кај нас, но сигурно трошиме повеќе отколку што можеме да заработиме.

Скопјаните просечно заработуваат околу 150 – 200 евра повеќе од другите жители на Македонија и ако претпоставиме дека сегашната просечна плата во главниот град веројатно не е повеќе од 30.000 денари, се поставува прашањето како, покрај плаќањето на сметките, трошоците за храна и други обврски, имаме толку многу време и пари за купување?

Да не заборавиме дека во нашите продавници купуваме по „западни цени“.

Особено сме лесни на таканаречените „невидливи трошоци“, т.е. на влечење на картичката. Кога гледаме можност да платиме на 6 или 12 рати, дури и на 3, автоматски реагираме како да добиваме одреден производ бесплатно или по многу пониска цена – затоа што нашата исплата е продолжена. Сепак, сумата останува иста.

 

Пред неколку години, едно медицинско училиште во Хановер спроведе студија која открива дека 7 проценти од возрасните покажуваат некаков компулсивен проблем поврзан со купувањето, а тој број во последно време интензивно расте и во САД и во Европа.

Клиничкиот психолог, Астрид Мулер вели дека расте потребата од препознавање на овој феномен и дека треба да гледаме на тоа како специфична ментална состојба, односно нарушување, ако работите одат премногу далеку.

 

Претходен пост

Биди дел од The Cool School Интервју со директорката на Американската гимназија, г. Венера Крлиу-Ханџиски

Следен пост

Стефанија Гаштарска – прва македонска балерина во Бољшој театарот

Следен пост

Стефанија Гаштарска - прва македонска балерина во Бољшој театарот

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.