Бидејќи живееме во свет во кој заработувачката е поважна од зравјето, често ни се нуди мед што не е вистински. Како да препознаете што купувате?
Експертите велат дека природниот мед не се лепи, па ако го размачкате на прстите, тој не смее да се залепи, во спротивно ќе знаете дека му се додадени шеќери или вештачки засладувачи.
Медот можете да го тестирате и со вода – ставете лажица мед во вода. Ако се спушти на дното и остане таму, имате природен мед. Ако почне да се топи, односно да се меша со водата, тогаш не е вистински.
Вистинскиот мед по некое време почнува да се кристализира.
Ако медот е природен, тој ќе почне да гори ако го ставите на памукче и го запалите.
Ставете капка мед на прстот – вистинскиот мед ќе остане кајшто сте го ставиле, вештачкиот ќе почне да растекува.
Загрејте малку мед во микробранова – вистинскиот ќе се карамелизира, лажниот ќе биде полн со меурчиња.
Ако ставите природен мед пред мравки, тие нема ни да го допрат. Ама ќе се „залепат“ на вештачкиот мед.