- Каква е свеста за физикалното здравје во Македонија?
-Генерално свеста е на ниско ниво со оглед на тоа што луѓето не преземаат ништо за да превенираат одредени болести, а и кога ќе се појави некаква болка ја трпат и толерираат подолго време. Сепак ние како стручни лица работиме на подигнување на свеста и за среќа сме доста успешни во тоа.
- Вие сте доктор специјалист во ординацијата за физикална терапија и рехабилитација Физиоплус Медика. Колку време постоите, кои се основните медицински услуги?
-Специјалистичката ординација по физикална медицина и рехабилитација Физиоплус Медика постои веќе две и пол години. Нудиме специјалистички прегледи за деца и возрасни, сите физикални процедури (електротерапија, магнетотерапија, ласеротерапија, сонотерапија, термотерапија), кинезитерапија (вежби за деца и возрасни), мануелна масажа (медицинска, спортска и релакс), како и стручна едукација на пациентите.
3. Во оваа дејност можеби најважен капитал е сепак стручниот кадар. Со каков кадар располагате и што е она што треба да го знаат пациентите пред да одберат физикална терапија?
-Нашиот тим е составен од доктор-специјалист по физикална медицина и рехабилитација и две дипломирани физиотерапевтки. Она што е најважно пред да одберат физикална терапија е пациентите секогаш да се обратат во установа каде има доктор специјалист, бидејќи нестручно третирање може повеќе да наштети отколку да користи.
- Што е она што вам ве разликува од останатите ординации за физикална терапија?
–Ние како стручен тим работиме многу на едукација на пациентите (што после терапијата, како да продолжат со работните и домашните обврски, кои вежби да ги применуваат во домашни услови, кои лекови и суплементи им се потребни и сл.) и многу важно имаме индивидуален пристап кон секој пациент (индивидуален програм за третман и вежби).
- Какви пациенти доаѓаат или треба да доаѓаат во Физиоплус Медика?
-Во Физиоплус Медика доаѓаат пациенти со различни заболувања (спондилоза, дископатија, ишијас, главоболка, вртоглавица, мозочни удари, скршеници на коски, парези и парализи на нерви, ревматски заболувања…), спортисти (спортски повреди, спортски масажи, проценка на физичка подготвеност и сл.), деца со деформитети.
- Кои се најчести причини за овие состојби?
-Најчеста причина се хроничните дегенеративни заболувања за кои е виновен седечкиот начин на живот, професијата на пациентот, стареењето) и повреди (падови,спортски повреди,сообраќајни незгоди).
- Дали третирате трудници и деца и што е кај овие два сегмента на пациенти специфично?
-Децата се специфична група на пациенти кон кои треба многу внимателен пристап. ние работиме вежби со деца со хипотонија, церебрална парализа, деца со деформитети на рбетен столб (сколиоза, кифоза), рамни стапала. Кај трудници се работат вежби за правилно дишење и вежби за јакнење на мускулите на карлично дно се со цел да се олесни породувањето. Исто така кај нив се прави и медицинска масажа за намалување на болката во грбот, која често ја имаат трудниците.
- Покрај кадарот каква е улогата на опремата при физикална терапија?
-Секако дека е важна опремата. Ние располагаме со комплетно нова и најсовремена апаратура, која овозможува максимално ефикасен третман на пациентите.9. Напоменавте дека работите со деца. Кажете ни нешто повеќе за состојбата на најмладите од аспект на физичко здравје? Како стојат новите генерации со правилниот развој, спортски навики и пред се свесност на родителите?
-Денес во голем пораст е бројот на деца со деформитети на рбетен столб резултат на недоволна физичка активност и се повеќе време поминато покрај електронски уреди (телевизија, таблети,компјутери). Свесноста кај родителите е задоволителна бидејќи се повеќе се зборува за здрава исхрана, спортски активности и за тоа родителите консултираат стручни лица.
- Кои се вашите генерални препораки за превентива и третман на физичкото здравје?
-Ќе употребам една флоскула “Движењето е здравје”-значи што повеќе движење, спорт здрава исхрана и одржување на телесната тежина во нормални граници.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот