Младиот, талентиран Филип Дракалски е поет од Берово, кој студира на Општа медицина во Скопје. Неговата книга ”ЕГО” која е добитник на ПРИЗНАНИЕ од издавачот за афирмација на македонскиот јазик и литература, говори за нераскинливата врска со своето его, кое е присутно во секоја наносекунда на поетовото срцебиење.
Тој е добитник на наградата “Бранко Ѓорчев” на 21 Ораторска Вечер, за говорот „Зошто заминуваме од себеси?“
Иако доста млад, неговата поезија се одликува со лирска зрелост и успешно доловување на човековото его како вечен виновник за љубовните болки и празнини на човечката душа. Тоа (егото) лебди насекаде во етерот, помеѓу утрото и вечерта, помеѓу нас и ѕвездите, кратките моменти и бесконечноста.
Во прилог, прочитајте го интервјуто со Филип…
Што сакате најмногу од тоа што сте писател?
Сѐ уште не сум сигурен што навистина сакам. Или не сум сигурен дали јас веќе можам да се наречам „писател“ или писател – искусувач на нови идеи и авантури. Но, прекрасно е да кажам дека идеите што толку долго ги разразботував и идеите што ги создавав за да ги споделам со уредници и со други и се надевам дека од уредничкото споделување ќе прерасне во споделувањето со целиот аудиторуиум.
Сакам да се движам во рамките на „секојдневниот’’ живот , ден-за-ден со сиот алтернативен свет во мојата глава. Ете, тоа го сакам, како што сакам кога пишувам на полноќ, дружејќи се со небото и ѕвездите, и заборавајќи се себе си, и погледнувајќи на часовникот – „ леле“ !. Создадов нешто а едвај е шест часот’’
Каде одите за да најдете инспирација?
На спиење! Се шегувам, но само делумно! Оние кои што добро ме познаваат сигурно веќе знаат дека јас ако не сум наспиен не можам добро да функционирам. Но, како што созревав низ годините, отркив дека повлекувањето од обрските и прочистувањето на мојата глава од напорниот ден, е најдобар лек за да се родат нови стихови.
Всушност, на голема вистина моите количества на идеи, всушност се раѓаат под туш. Исто така еднакво инспиративно ми влијаат и просторите како што се плажите или планините , места во странство или местата каде што јас сам сакам да одморам. Понекогаш, нe можам точно да откријам кога имам инспирација – едноставно самата ме напаѓа, не бира ни место ни време.
Од каде доаѓаат Вашите ликови и дали знаат понекогаш да ве изненадат кога пишувате?
Искрено, не сум сигурен дали ликовите ми доаѓаат туку така, или јас емотивно сум приврзан со сите од нив. Можеби и не сум, или сум само наратор раскажувач, водич низ едно патешествие што крај стопати знам да го сменам. Хахахаха !
Во претходните три романи, ликовите спонтано градеа нова прикана, а сега во новата книга имено поезија, стиховите навидум изгледаат како да раскажуваат само љубовна приказна, (иако се напишани во прво лице еднина, не сум јас нараторот,туку сѐ со цел да се доближам поблиску кон читателот) но ако некој добро знае да чита меѓу редови ќе се нурне подлабоко и ќе види дека освен трњето што има трње – цветаат и ружи.
Дали имате омилен стих , меѓу оние што сте напишале?
Стих? Имам повеќе! Се шегувам. Не се ни сеќавам што пишувам од толку многу изнапишани стихови. Да, нормално е да имам еден од многуте стихови, кој е мој омилен, но тој ќе си го чувам за себе.
Кога почавте да пишувате?
Уште од кога паметам за себе јас пишувам. Уште како мал,(според зборовите на мајка ми) сум знаел да прочитам нешто или да напишам и истото да им го интрерпретирам на моите родители (од кои ја имам најголемата поддршка во сево ова). Честопати пишував она што јас го гледам или пак пишував нешто повеќе за настаните во школо.
Се сеќавам мојот прв состав беше „Паѓањето на снегулките, немаше ни почеток ни крај’. Тогашнта учителка, успеа да ми покаже како се создава еден расказ употребувајќи некои елементи што го украсуваат и давајќи му некоја реална слика.
Мојот прв сериозен обид со романите се случи кога , бев веќе како да кажам ни ваму- ни таму. Дете а толку многу длабоко да размислува – честотапати знаеше да искоментира наставничката по македонски (во осново) и да ми каже како е можно сето ова да го доживеете. Доживувањето и запознавањето на нови личности доста ми допринесе да ги издадам трите романи, а сега веќе од позрел аспект нешто доста посериозно е поезијава, која што треба да изле за кратко!
Зошто го дадовте насловот „ ЕГО’’?
Лесно прашање, а тежок одговор. Знаете, сите ние некојпат сме заробени во сопствените воздишки и притоа себично сѐ си ги чуваме само за себе. Егото понекогаш знае да биде наш непријател – и токму во ситуации кога треба да бидеме храбри, борбени и одлучни знае да се спротистави на нас и да не одведе во една друга насока. Или пак јас си го викам пријателот Его. Местото од каде што доаѓаат сите стравови и „лоши’’ мисли. Читајте меѓу редови, ќе го најдете одговорот!
Како успевате да пишувате, а притоа сте студент на општа медицина?
Пишувањето е мое хоби. Нешто што уживам да го правам. Нешто што ми ја враќа надежта во човештвото. Знае да се случи и подолг период да не напишам ништо, и тоа е сосема нормално. А, студиите се друга работа. Сепак иако и двете немаат ништо заедничко, сметам дека секој треба да исплива на површината и да го најде својот брод што не тоне.
Да скратам, секој треба да избега надвор од она што е, ако ништо друго на само пет минути да направи пауза од работниот ден!
Дали се гледате себе си како иден писател или пак сонувате за нешто друго?
Сонувач сум, ама убеден сум дека и со вас ќе се гледаме што почесто.Во каква улога, да оставиме времето да ни покажае.
За крај, која ви е омилена личност и порака?
Омилена личност, од романите – ви одговорив на претходните прашања. А, надвор од сите овие околности, омилена личност ми е брат ми. Пораки не сакам да издвојувам. Има повеќе, но нека останат само за мене.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.