Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ИНТЕРВЈУ: Каролина Гочева – Битола и Скопје се моите омилени дестинации, доволно ми е да патувам и да се вратам дома кај што некој ме чека

193
Прегледи
Сподели на фејсбук
Ја запознавме кога беше девојче, кога со детски и симпатичен глас ја пееше “Мамо пушти ме”, растеше пред очите на публиката, а со текот на годините заштитниот белег, нејзиниот глас, стануваше помоќен, прецизен и доминатен. Многу песни, албуми и хитови се зад неа, преку кои таа покажа дека знае да си поигрува со музичките жанрови. За неколку дена, ќе гостува на големиот концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје, кој е во организација на Авалон продукција. Денешното интервју е со Каролина Гочева, со која зборувавме на тема кариера, но и за неколку лични ставови и размислувања кои таа ги споделува во продолжение.
2d6c2480-59c3-4e19-9fc2-9f3ecc6f810e
Да го започнеме разговорот со концертот кој го одржа во Белград, како дел од проектот „Македонско девојче“. После некој месец, кој е впечатокот, како се чувствуваш сега?
Задоволна сум што го претставив проектот на српската публика, имавме одличен концерт и одлични реакции. Избравме простор каде се собира публика која сака да чуе нови звуци и сите како екипа бевме многу задоволни од реакциите и сработеното од наша страна.
973ec0de-70f0-496b-9ec5-39bdd632510a
Беше гостинка на концертот на Дуке Бојаџиев во Карнеги Хол, а сега ќе го повториш гостувањето во Скопје. Кажи ми повеќе за тоа…
Пред гостувањето во Карнеги се случи соработката на “Зборови немам”, кога со Дуке се споивме после долги години познанство. После тоа се договоривме да му гостувам на Дуке на концертот во Карнеги што е огромно и ретко задоволство за секој музичар. Еве сега продолжуваме и на концертот во Скопје каде освен нашата заедничка песна, ќе изведеме уште една по моја желба и една по желба на Дуке.
db8ea545-1f56-4353-a421-26a7dedacc3b
Оваа зима „летуваше“ во Мајами. Како си помина, дали е дестинација која би ја посетила уште еднаш?
Бев скоро цел месец на патување, сакав да си ги посетам другарките кои ми живеат во туѓина. Бев прво во Мајами, па Лос Анџелес. И двете дестинации би сакала да ги посетам и ќе ги посетам уште еднаш. Со сигурност.
Во таа насока, како изгледа твоето омилено место за живеење?
Омиленото место за живеење е кај што ти се луѓето што ги сакаш. Мене сите ми се овде, во Битола и Скопје и што ако одам да живеам на некоја светска дестинација ако овде ги оставам семејството и пријателите. Доволно ми е вака да патувам и да се вратам дома кај што некој ме чека.
Која е најважната лекција која животот те натерал да ја научиш?
Постојано учиме лекции за животот, речиси секојдневно. Некогаш се разочаруваме, некогаш пријатно се изненадуваме, за жал, почеста е првава ситуација. Единствено нешто кое секогаш ми се повторува е дека никогаш, ништо не е онака како што од надвор изгледа.
Што е тоа што публиката не го знае за тебе, а сакаш да го споделиш?
Ако веќе не знаат, нека остане така.
0d41d5a3-a45e-4da2-85f7-e8cc8ac95570
Кој е твојот најголем животен страв?
Губиток на саканите луѓе. Само тоа. Сè друго може да се реши.
Кои личности те иритираат, како се справуваш со нив?
Игнорирање. Последниве години има и “seen” опција на апликацииве кои ги користиме за комуникација, па ми заштедува доста зборови во одредени прилики.
2b220973-89e7-49cf-8e36-5b35e7d5801c
На каков човек би му го доверила своето срце?
На нормален.
Кога во животот си почувствувала комплетна среќа?
Не постои комплетна среќа. Дури и да помислиш на моменти дека така се чувствуваш, веднаш доаѓа нешто непланирано да те разувери.
72c79784-44fa-4940-99e5-bb07132b6eb0
Подготови: Билјана Настеска – Каланоска
Фото: Авалон продукција
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.
Tags: идентитетиинтервјукаролина гочева
Претходен пост

Што е среќа ( дел 3 )

Следен пост

Евита Перон, аргентинската легенда

Следен пост

Евита Перон, аргентинската легенда

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.