Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ИНТЕРВЈУ: Дора Попова дипломиран психолог и автор на книгата „Превртена љубов“

147
Прегледи
Сподели на фејсбук

На 17 мај со почеток во 19 часот во просториите на Матица Ексклузив на улица Македонија, ќе се одржи промоција на книгата „Превртена љубов“ на авторката Дора Попова.

Станува збор за роман во кој се раскажува за лажните соништа на човековото его кое, мечтаејќи за освојување на недостижното,остава длабоки лузни и празнина во човековата душа. Приказна за силата на гневот, за неверството и интригите на една млада жена во чијашто заднина се наоѓа нејзиниот копнеж за љубов. И токму кога излезот од темнината не се гледа никаде, при неочекуваната средба со смртта, се наѕира првиот зрак светлина…

 Повеќе за книгата, за неа како автор и воедно за новитетите кои следат во иднина, зборуваме токму со авторката на „Превртена љубов“

H: Вие сте дипломиран психолог, работите приватна пракса, а професионaлно се надградувате во насока клиничка и советодавна психологија. Кажете ми, како една личност се „заљубува“ во оваа професија?

Полето на делување на психологијата е многу широко. Таа наоѓа примена во образованието, маркетингот, спортот, истражувачката дејност итн. Нејзина посебна гранка е психотерапијата која за мене отсекогаш била најголем предизвик, па кога јас зборувам за психологијата, всушност сакам да зборувам за психотерапијата. Тука можам со сигурност да тврдам дека човек не ја бира случајно оваа професија. Општоприфатеното мислење е дека луѓето кои одбираат  да бидат психотерапевти се пред се “природно“ хумани, емпатични и сакаат на некаков начин да им помогнат на другите околу нив. Тоа можеби е вистина, меѓутоа постои уште една поголема вистина од таа. За да се занимавате со психотерапија, нужно е да влезете во сопствените длабочини и да се запознаете себе, пред да можете да ги запознаете другите и да им помогнете. Запознавајќи се себе, откривате и делови кои не би сакале да си ги откриете и тука станува тешко прифаќањето на тие делови кај себе. Поради тоа процесот на психотерапија има свои болни точки и токму во тие точки голем дел од клиентите се откажуваат. Меѓутоа, клучот на страдањата кај луѓето се наоѓа токму во разрешницата на тие болни точки кои всушност не тераат да имаме автоматизирано однесување кое не е свесно, а честопати за жал е неисправно, па поради тоа луѓето и страдаат. Е сега и јас не сум нешто помалку од останатите и покрај општото мислење дека ние психолозите немаме проблеми во животот или дека баш лесно поминуваме низ нив. Соочувајќи се со тешкотии во мојот процес на растење се одлучив за оваа професија, пред се поради себеспознание, а потоа и за да им помогнам и на другите.

H: Ваша работа е да навлезете во човековиот ум и да го испитувате. Дали се наоѓате себеси во ситуација како го правите тоа и надвор од работните обврски, на блиските луѓе или случајните минувачи во Вашиот живот?

Луѓето честопати ми го поставуваат ова прашање. Искрено, да, ми се случува но не намерно, туку многу спонатно без да вложам мисловен напор. На пример случајно ќе уловам некој момент и без да го анализирам многу, можам да претпоставам зошто човекот го прави тоа што го прави или зошто го зборува тоа што го зборува.

H: Дали Вашата професионална определба Ве наведе да се одлучите да напишете книга во која главната хероина е  личност со комплицирано психолошка структура?

Главната хероина во мојот роман не е личност со комплицирана психолошка структура. Напротив, многу е едноставна. Тоа што изгледа како комплицирано е нејзината главна карактерна црта, амбиваленцијата, односно “ставот сакам ама не сакам“. Таа донесува одлуки со цел да ги оствари нештата кои мисли дека ги сака, но штом еднаш ги оствари, и се најде среде тие нешта, тоа за неа станува тегобно. Како и да е, професионалната определба не ме наведува да се одлучам да напишам било што. На страна од тоа јас го сакам пишувањето, а психологијата само ми помага да навлезам подлабоко во внатрешниот свет на моите ликови.

H: Кога пишувате, се предавате целосно на карактерот во книгата. Колку е тешко да „излезете“ од животот на личноста, дали е неминовно пресликувањето на дел од себе во нејзиниот живот?

Кога писателот пишува, напишаното не излегува од ниту едно друго место, туку од неговиот ум. Всушност, пишаниот збор е проекција на мислите и на чувствата на личноста, а во овој случај тоа е писателот. Дури и да има десет различни ликови во еден роман, во сите десет писателот има по нешто свое. Така, што да, убедена сум дека секогаш пресликуваме некој дел од себе во карактерите на ликовите, посебно во карактерот на главниот лик,  но верувам дека често пати и самите писатели не се свесни за тој некој дел кој го имаат во себе, а го пресликуваат во карактерот на ликот, па им се случува да бидат вчудоневидени и по некое време да си речат зар јас ова го напишав? Тоа барем кај мене се случува често.

H: Велите дека поентата на приказната е фактот што каде и да одиме, секогаш го носиме својот товар. Како да се ослободиме од истиот, за да живееме со полни гради?

Магичниот одговор  е само и само со СВЕСНОСТ, а првиот чекор до свесноста е прифаќањето на товарот кој го носиме. Велам прифаќањето, бидејќи многу луѓе си го носат товарот, без да бидат свесни воопшто што си носат на грбот. Понатаму следува прашањето како и со што си го правиме тој товар?Тоа прашање не воведува кон средишниот дел на процесот, чија цел е распаѓање на концептите за кои “слепо“ се држиме, за на крајот да формираме една нова целина со повисока свеснот која би не однела до животот со полни гради.

H: Што очекувате од романот, на кој начин сакате истиот да допре до читателите?

Главната хероина во романот е негативка. Сите одлуки кои таа ги носи, ги носи од позиција на гнев, а тоа ја оформува нејзината себичност и таа се што прави, прави за свои лични интереси со една одмаздољубива црта кон оние за кои верува дека биле неправедни кон неа. Пред да се одлучам да го издадам романот, најпрво и го дадов на една моја блиска пријателка да го прочита. Откако го прочита, ми рече: Ти благодарам за тоа што ми овозможи да ја живеам барем на кратко “лошата“ во мене.

Тој коментар навистина многу ми значеше бидејќи имав чувство дека целта ми е постигната. Лично сметам дека оние книги кои се со негативен главен лик и кои завршуваат трагично, имаат поголема смила бидејќи ја доближуваат личноста, во овој случај читателот, до оној негативниот дел во себе, до она од кое што тој бега, а човекот е како јин и јанг. Целина од позитивното и негативното и само спознавањето на таа целина може да не доведе до полна свесност, односно до балансот кон кој сите тежнееме.

H: Наскоро, на Hybread.mk ќе биде активна новата рубрика во која Вие, како професионалец, ќе пишувате и ќе советувате за проблеми од социјален и општествен карактер. За крај, кажете ни нешто повеќе за тоа…

Би рекла само дека ќе работам на тоа со огромно задоволство. Обожавам кога пишувам на теми, поврзани со психологијата, посебно ако се табу, така што ќе се потрудам читателите во исто време да уживаат, но и да размислуваат повеќе за себе.

 

Подготви: Билјана Настеска – Каланоска

Фото: Приватна архива

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Tags: автордора поповаинтервјупсихолог
Претходен пост

Интервју: Оливера и Марко – Хепи Радио. “Презентираме само среќни информации, депресивните нека ги каже некој друг“

Следен пост

„Неопходно е да се врати играта и детскиот џагор на улиците.“ -Дефектолог Маја Н. Станкоска

Следен пост

“Најсиромашниот“ претседател на светот ќе ве натера да ги преиспитате своите ставови за среќата

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.