Постојано слушаме и читаме приказни за холивудските ѕвезди и нивните чудни барања, нерационалното купување и претераните приказни за големото его што го имаат.
Сепак, не се сите исти. Некои од нив имаат мека страна за која не знаат многумина. А тие, како и повеќето луѓе, само сакаат да им помогнат на послабите од нив и да го направат светот поубаво место за живеење.
Робин Вилијамс
Познатиот актер во својот тестамент остави фонд за стипендии на Џулијард за неколку млади талентирани деца. Тој финансиски му помогна и на семејството на актерот Кристофер Рив откако доживеа несреќа и остана парализиран од половината надолу.
Тој одвои средства и за истражување во болницата Сент Џуд, која се грижи за децата со смртоносни болести , постојано ги посетуваше трупите во воените зони за да им го крене моралот, а им помагаше и на воените ветерани да ги надминат психолошките трауми.
Пол Вокер
Приказните за добрината и дарежливоста на актерот се одамна познати. Една од нив е и кога во продавница за накит сретнал воен ветеран кој барал свршенички прстен за својата девојка. Двајцата сакале да го купат истиот прстен, пред војникот да сфати дека прстенот е прескап за него. Вокер го платил прстенот без војникот да дознае за тоа и си заминал, а дури по неговото излегување од продавницата продавачката му го предала на војникот.
Мет Дејмон
Актерот е вклучен во хуманитарни активности скоро од самите почетоци во филмскиот бизнис. Тој е основач на H20 Africa, организација која се споила со water.org и која се обидува да го реши проблемот со водата на црниот континент. Тој ги поддржува и кампањите за борба против сидата и сиромаштијата во земјите во развој. Тој е амбасадор на ONEXONE, организација која се обидува да ги подобри животите на децата ширум светот.
Ема Вотсон
Пред околу една година, шетајќи се низ Њујорк за Ноќта на вештерките, Ема сретнала момче облечено како Хари Потер. Го прашала дали е Хари, и кога тој ѝ потврдил, го прегрнала и му рекла: „Јас сум Хермиона, ние сме најдобри пријатели“. Но, таа е и амбасадор на ОН за заштита на правата на жените. И одлично ја извршува својата задача.
Киану Ривс
Животот не го галел Киану и споредено со него, повеќето од нас немаат причинa да се тажни. И покрај целата трагедија што ја доживеал, тој наоѓа причини за среќа и е еден од најдарежливите луѓе во Холивуд. Тој изјави дека парите не му се важни и даде 80 милиони долари од хонорарот што го доби за филмот Матрикс на луѓето од екипата на филмот. Според него, со својата напорна работа тие ги заслужиле парите повеќе од него. Тој им помага и на бездомниците и многу често поминува време со нив. А сите сме го гледале видеото каде што станува во метро за да ѝ го отстапи своето место на некоја жена.
Навистина, овие актери се доказ дека и во Холивуд живеат луѓе со златно срце.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.