Резо Сереш (3 ноември 1889 – 11 јануари 1968) е унгарски пијанист и композитор.
Поголемиот дел од животот го живеел во сиромаштија во Будимпешта, од каде што, како евреј, во Втората светска војна бил одведен во работнички камп од страна на нацистите. Тој го преживеал логорот, а по вработувањето во театарот и во циркусот, каде што бил артист на трапез, по неговата повреда, се концентрирал на пишување песни и пеење. Сереш се научил и да свири на пијано со само една рака.
“Мрачна недела”, исто така позната како “Унгарска песна за самоубиство”, е популарна песна компонирана од унгарскиот пијанист и композитор Резо Сереш и објавена во 1933 година.
Оригиналните стихови биле насловени како Vége a világnak (На Светот му доаѓа крајот) и говорат за очајот предизвикан од војната, завршувајќи со тивка молитва за гревовите на луѓето.
Поетот Ласло Јавор го напишал текстот на песната, во која главниот лик, по смртта на неговата љубовница сака да изврши самоубиство.“
Резо Сереш, компонирал многу песни, меѓу кои и Fizetek főúr (Келнер, донеси ми ја сметката), Ен úgy szeretek részeg lenni (сакам да пијам), и песна за Комунистичката партија на Унгарија, во чест на изградениот мост на реката во Будимпешта, Újra a Lánchídon.
Неговата најпозната композиција е Szomorú Vasárnap (“Мрачна недела”), напишана во 1933 година, која се здобила со лош глас поради тоа што била поврзувана со серија самоубиства.
Сереш чувствувал силна лојалност кон Унгарија, а една од причините за неговата сиромаштија, и покрај тоа што се стекнал со слава за светски позната песна, е тоа што никогаш не сакал да се пресели во САД за да ги наплати неговите авторски права; наместо тоа, тој и понатаму продолжил да настапува како пијанист во ресторанот Киспипа во неговиот роден град.
Ресторанот во кој настапувал бил место на проститутки, музичари, боеми и еврејска работничка класа.
Како што неговата слава почнала да се намалува, заедно со неговата лојалност кон комунистичката партија, Сереш паднал во депресија.
Резо Сереш извршил самоубиство во Будимпешта во јануари 1968 година; тој го преживеал скокањето од прозорец, но подоцна во болницата се самоубил со жица.
Во престижниот весник – Њујорк Тајмс, 13 јануари 1968 година бил објавен некролог:
“Будимпешта, 13 јануари.
Резо Сереш, чија хит-песна “Мрачната недела”, беше поврзана со бран самоубиства во текот на 19-тиот век, денес, си го одзема својот живот. Властите денес објавија дека г-дин Сереш минатата недела, скокнал од прозорецот на неговиот мал стан, кратко по неговиот 69-ти роденден.
1930-те години беа одбележани со тешка економска депресија и политички пресврт што доведоа до Втората светска војна.
Меланхоличната песна напишана од г-дин Сереш, со зборовите на неговиот пријател -поетот Ладислас Јавор : “Моето срце и јас решивме да завршиме сето тоа”, беше обвинета за нагло зголемување на бројот на самоубиства, конечно беше забранета од унгарските власти.
Во Америка, каде Пол Робосон ја претставил англиската верзија на оваа песна, некои радио станици и ноќни клубови ја забраниле нејзината изведба. Г-дин Сереш изјавил дека успехот на песната “Мрачна недела” всушност, влијаел на неговата несреќа, бидејќи знаел дека никогаш нема да може да напише втор хит.“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.