Моделот Џиџи Хадид и пеачот Зејн Малик прв пат беа забележани заедно во ноември 2015та година. Оттогаш нивната врска е комплицирана, со многу разделби и повторни смирувањa.
Беа разделени речиси цела година, додека во декември не започнаа гласините дека се повторно заедно. Последните фотографии од нив како пар ги потврдија сомнежите.
Во саботата во Њу Јорк заедно го прославија роденденот на Зејн и на фотографиите изгледаат навистина среќни. На прославата биле забележани и сестрата на Џиџи – Бела Хадид, мајка им Јоланда Хадид и пеачката Дуа Липа. Останува да видиме дали овој пат среќата ќе им трае подолго.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.