Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Најсаканиот композитор на сите времиња – Енио Мориконе

85
Прегледи
Сподели на фејсбук

Филмовите со музиката на Енио Мориконе се чиста класика. Италијанецот ги освои срцата на многумина со неговата одлична музика. Денеска, ве запознаваме со најсаканиот композитор на филмска музика на сите времиња.

Енио Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година. Познат по своите бројни филмски музички теми, напишал повеќе од 500 во целокупната своја кариера, од кои 30 напишал за вестерн филмовите. Неговиот карактеристичен и мошне имитиран стил на компонирање за овој жанр на филмови може да се долови преку музиката за филмот Добриот, лошиот и грдиот на режисерот Серџо Леоне со кого Енио Мориконе имал долга и плодна соработка.

Своето музичко образование го стекнал во Конзерваториумот Санта Чечилија, каде се стекнал со диплома по труба (со оцена 7/10) и компонирање (оцена 9,50/10). Исто така изучувал и хорска музика и хорско диригирање. Истовремено работел како трубач во многу римски оркестри, стекнувајќи на тој начин еден значаен практичен дух и создавајќи мрежа на пријателства во сценскиот свет. Започнал да пишува филмска музика во 1955 година, паралелно работејќи како аранжер на забавна музика за разни оркестри и за плочите на италијанската радиотелевизија – РАИ. Сепак, Мориконе и понатаму продолжува да се смета за „учен“ композитор и да пишува современа класична музика: дефиницијата на „волшебник на филмска музика“ е редуцирана. Во 1956 год. се оженил со Марија Травија и од тој брак се родиле четири деца. Во 1958 год. се вработил како музички асистент во РАИ но истиот ден дал отказ веднаш штом сфатил дека таму нема да може да гради кариера и дека, по експлицитно барање на тогашниот генерален директор на РАИ, Филиберто Гуала, сосем било забрането емитувањето на програми со музиката напишана од страна на вработените во јавната радиотелевизија.

enio morikone

Музичкото творештво на Мориконе вбројува исто така и голем број композиции кои не се направени за филмови и кои можат да се класифицираат во жанрот на современата музика: театарски опери, симфониски дела како и дела за оркестар и солисти, хорски композиции, камерна музика итн.

Енио Мориконе е академик и член на Националната Академија на Санта Чечилија како и долгогодишен член на престижното здружение Нова Хармонија која во Италија игра важна улога во ширењето и продукцијата на современата музика. Мориконе продал повеќе од 40 милони дискови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Tags: вестерн филмЕнио Мориконекомпозиторримфилмска музика
Претходен пост

Најдобрите улоги на Драган Николиќ

Следен пост

Што е среќа

Следен пост

Што е среќа

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.