Врвниот британски парфимер Roja Dove е еден од најценетите светски стручњаци за парфеми. Неговото искуство, страст и креативен полет се проткајани во сите негови креации, кои пак се резултат на неговото мото: „Само најдоброто е доволно добро“ . Брендот Roja Parfums е познат како куќата која произведува најлускузни мириси на светот.
Roja Dove е познат по тоа што работи само со најквалитетните и најскапоцените состојки, кои ги бира лично. Од легендарната роза и јасмин од грас до природниот амбергрис(кој вреди повеќе од чисто злато), преку рачно изработени кутии обложени со свила и парфемски капачиња обложени со 24 каратно злато, украсени со Swarovski кристали – секој детал е направен без компромис бидејќи станува збор за квалитетот и цена.
Познатото американско списание за мажи „GQ“ Roja Dove го опишува како „најпрефинетиот нос на светот“, додека The New York Times го сметаат за „главен креатор на мириси“. Кога станува збор за лускузните мириси, никој не може да се спореди со Roja Parfums.
ENIGMA POUR HOMME
Во облак од мирис на коњак и тутун, елегантна фигура седи во барот на приватниот клуб, кој мириса на дрво и кожа. Облечен на начин на кој што им се спротивставува на клупските правила, неговото интересно присуство е дефинитивно неочекувано. Зошто е тука? Како влезе? Вие не можете да ги тргнете очите од овој мистериозен човек. Топлите допири на зачинот се мешаат со меката ванила и бензоин, кои создаваат чувство на двосмисленост, и ништо не е баш како што изгледа.
DANGER POUR HOMME
Опасно е не само за оние што го носат, туку и за оние што го чувствуваат тоа. Ароматичниот лимон, лаванда и тарагон ве обземаат со својата свежина, но бидете претпазливи, бидејќи сензуалните афродизијаци демнат во сенка, предизвикувајќи да се приближите и да ги мирисате одблизу. Сладоста на ванила и јасмин против топлината на кедар и пачули, ве ставаат во искушение да се наведнете уште поблиску и да облегнете.
SCANDAL POUR HOMME
Кога ќе се случи скандалот, сите се вртат настрана и тогаш почнуваат да се откриваат тајните. Сè е изложено и отворено додека се поставуваат бариери и се тестираат ограничувања. Изборот е да се скрие или прифати. SCANDAL, мирис кој ќе ги натера сите да се свртат кон носителот на овој парфем, кој се отвора со возбудливи ноти на лимон, нане и лаванда, флертувајќи со необична нота на равен, распоредена по богатата и сензуална основа на тонка. Во искушение сте да направите нешто скандалозно, но и без тоа, дефинитивно ќе се зборува.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.