Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Доведете го Вашиот изглед до совршенство благодарение на услугите кои ги нуди салонот за нега и убавина „Мелиса“

133
Прегледи
Сподели на фејсбук

Салонот за нега и убавина „Мелиса“ постои 10 години. Палетата на услуги нуди широк асортиман, а долгогодишната традиција е доказ за квалитет. По тој повод, разговаравме со Даниела Џикоска – Џанова, консултант за нега и убавина, а воедно и сопственик на салонот.

Даниела, како почна сè?

Почнав прво да работам со неколку клиенти. Како секој почеток, така и мојот беше малку потежок, но со тек на време работатата тргна. Првата местоположба на салонот беше во населбата Драчево, за после 5 години поминати таму, да го релоцираме во Кисела Вода.

Какви услуги нудеше салонот на почетокот?

Почнавме со маникир, педикир третмани како и масажи. Идејата ми беше да понудам нешто на полето на нега и убавина на жените за кое има потреба. Во таа насока, ги креиравме и услугите за кои имаше голем интерес. Жените секогаш сакаат да изгледаат убаво, да се дотеруваат, причина плус и „Мелиса“ да почне да работи и да опстојува веќе 10-та година по ред. Во однос на интересот, нема никаква разлика од тогаш до сега, освен во масовноста, односно поголемата посетеност која е нормална, посакувана и разбирлива после години и години успешна работа.

Работите во област каде што има многу конкуренција. Како успевате да си го одржите своето место?

Точно така, конкуренцијата е голема, но со напорна и посветна работа, квалитет и доследност, не претставува проблем. Конкуренцијата е здрава работа која што нè мотивира и нè тера да одиме напред.

Што најчесто бараат клиентите?

Најчесто, дамите бараат маникир и педикир третмани, како и депилација во текот на топлите денови. Додека пак во зимскиот период, бараат многу повеќе и третмани за лице, во зависност од потребите на нивната кожа.

Кои услуги се застапени во „Мелиса“?

Во моментов нудиме можност за педикир, маникир, обликување на веѓи, вакум слим масажи на тело со мадеро терапија, солариум, третмани за лице, надградба на окото со свилени трепки.

Која од овие третмани е тренд во моментов?

Мадеро третман или попознат во светот како „уништувач на целулит“ е многу популарен во последните неколку години. Нудиме избор мадеро масажа во траење од 30 до 40 минути или вакум слим кое трае 60 минути. За да има ефект третманот се препорачува барем 2 до 3 пати неделно. Резултатите се видливи после 10 третмани, со тоа што важно е после завршување на третманите да се внимава на режимот на исхрана, тоа значи да се одбегнува високо калорична храна, доколку може да се избегне консумација на леб и слатки би било одлично, а вечерата да не биде подоцна од 7 часот. Исто така, препорачуваме кога дамите се подложуваат на мадеро терапијата, да почнат да вежбаат бидејќи после неколку третмани целулитот почнува да се намалува, а мускулната маса да омекнува. Што се однесува до вакум слим третманор – процесот налага да се мачкаат креми, телото се става во најлонска фолија, се вади воздухот, се создава вакум кој е термоактивен. Се препорачуват минимум од 6 до 10 третмани. Исто така, во овој период многу е актуелен е солариумот, кој во зимските денови, е драдтично помалку баран.

Дали има пакет услуги во Вашата понуда?

Секако, имаме одлична понуда на пакети за слабеење: 6 третмани се 6000 денари, а 10 се 8000 денари со вакум слим и мадеро, како и пакети за сончање односно за солариум третмани – 30 минути се 700 денари, 50 минути е 900 денари.

Што Ви претставува најголемо задоволство во работата?

Тоа што причинува огромно задоволство се редовните и лојални клиенти кои доаѓаат од самите почетоци.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

16 годишната Грета Тунберг е номинирана за Нобелова награда за мир

Следен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Следен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.