Истражувањата покажале дека на купувачот му се потребни само 4 секунди откако ќе влезе во продавница за да одлучи дали ќе купи некој од понудените производи.
Притоа, на одлуката, многу повеќе од рационалниот разум, влијаат одредени човечки карактеристики како што се сигурност, задоволство, страв, желба и слично.
За да се разберат механизмите за донесување на одлуките коишто се случуваат во емоциите и во потсвеста на купувачите, создаден е неуромаркетингот.
Станува збор за посебна маркетинг дисциплина што го проучува мозокот и неговата поврзаност со донесување одлуки за купување. Поточно, има задача да ги разбере психолошките етапи низ кои минува купувачот при донесување одлуката да (не)купи некој производ.
Компаниите коишто може да си дозволат спроведување на една таква маркетинг кампања не се многу. Оваа маркетинг дисциплина е мошне скапа и меѓу другото вклучува и мерење на пулсот на експерименталната група на клиенти, работата на срцето, брзината на дишење и слично.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

