Во ТВ сериите и филмовите, неретко се случува некој од омилените ликови да биде неочекувано отпишан од сценариото. Обично ги обвинуваме режисерите, а не секогаш е нивна вина. Зад сцената се случуваат многу работи за кои јавноста не знае, како скандали, расправии помеѓу актерите, низок рејтинг од гледачите или лошо однесување на актерите во текот на снимањето.
Погледнете ги вистинските причини за “убивање” на некои од омилените ликови од телевизиските серии:
Edie Britt, Desperate Housewives
Првично, Иди Брит требалa да биде спореден карактер, но критичарите ја сакале толку многу што креаторите на шоуто решиле да и дадат повеќе време на екранот. Актерката беше очајна домаќинка 5 години пред да изјави дека го напушта шоуто, по што ликот Иди е убиен.
Креаторот и продуцент на шоуто Марк Шери изјавил дека актерката морала да си замине затоа што серијата немала доволно буџет и Шеридан го искажала своето незадоволство за видно помалата плата од останатите „домаќинки“. Сепак, актерката тврди дека вистинската причина за нејзиното заминување била тоа што Марк Шери наводно физички ја нападнал за време на снимањето.
Samantha Jones, Sex and the City
Љубителите на „Сексот и градот“ беа навистина среќни кога ја слушнаа веста дека наскоро ќе биде објавена новата сезона: во 2020та година. Сепак, знаевме дека веста е премногу добра за да биде вистинита. Продуцентите ги разочараа гледачите со шокантната изјава: Саманта Џонс повеќе нема да биде на шоуто.
Ким Катрал, која ја играше улогата на Саманта, има 62 години и објасни зошто го напушта шоуто. Актерката изјавила дека е време да ја остави работата зад себе. Оваа приказна изгледа многу едноставна: Ким само сака да се пензионира, но некои веруваат дека таа и Сара Џесика Паркер имаат лош однос и бурни расправии зад нив.
Новата сезона сè уште не е објавена, но веќе знаеме со сигурност дека Саманта Џонс ќе почине. Останува да почекаме до 2020та година за да откриеме што всушност се случува.
Aaron Hotch, Criminal Minds
Томас Гибсон долго време успевал да опстане во серијата и покрај агресивното однесување на снимањето – бидејќи сепак беше ѕвездата на “Криминални умови”. Oчигледно, актерот не верувал дека може да добие отказ поради лошо однесување.
На почетокот му биле дадени неколку “втори шанси” и бил испратен на курс за справување со лутина без притоа да биде суспендиран од работа. Но, капката што ја прелеала чашата била кога актерот наводно агресивно нападнал еден од сценаристите.
Очигледно, постојат граници што никој нема право да ги помине, па Гибсон по внатрешната истрага бил отпуштен, а неговиот лик го напуштил шоуто.
Steve Gomez & Hank Schrader, Breaking Bad
Хенк Шредер и Стив Гомез беа ликови присутни во шоуто од првата сезона и беа “убиени” во буквално иста епизода. Сите обожаватели на серијата ги сакаа овие ликови кои со сигурност заслужија уште неколку сцени за гледачите да имаат можност да се збогуваат со полицајците.
Хенк ја доби таа можност, додека актерот кој го глумеше Гомез, за жал, почина во реалниот живот.
При објавување материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот