Клаудија Шифер е една од девојките кои своевремено беа познати како „големата петорка “во светот на модата. Тие важеа за најквалитетните фотомодели, а воедно и најбарани на светско ниво во теко на 90те години.
Светот повторна пишува за неа токму заради последното појавување на насловната страница на магазинот Vogue, каде што позира разголена. Критиките се во насока на нејзиниот одличен изглед за кој се грижи со години. Иако, со наскоро наполнети 49 години, нејзината совршеност е очигледна.
Причина за овој ангажман е означување на 25 години од првото појавување на насловната страница на престижното списание.
Клаудија Шифер е родена на 25 август 1970 година во гратчето Рајнберх, Северна Германија. Првата професионална амбиција и била да стане адвокат, заради што и почнала да работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот татко. Но, животот имал други планови за неа, така на 17 година решила да ја напушти оваа работа, откако добила понуда од Мајкл Леветон, директор на модната агенција Метрополитен. Така ја почнува нејзината кариера како фотомодел.
Покрај манекенската кариера, во нејзиното професионално портфолио се и филмските ангажмани низ годините.
Таа има објавено и 4ДВД изданија за вежбање насловени како „Совршена форма со Клаудија Шифер“.
Приватно, откако ја започна својата кариера, медиумите пишуваа за романтичните врски со голем број познати личности како Џон Бон Џови, гитаристот Ричи Самбора, кнезот на Монако,Алберт III, пејачот Питер Габриел и магионичарот Дејвид Коперфилд. Во 2002 година Шифер се венча со филмскиот режисер Метју Вон со кого има и 3 деца.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот